Антониа Гиговска: „Киан ме научи да сум борбена, се плашев дека поради честите отсуства нема да сака да го заспивам“
- Детали
- сабота, 03 мај 2025
„Патувањето во Египет ми беше прво одвојување од синот на 5 дена и некако многу ми се видоа. Но, и многу брзо пројдоа, па кога ме пречека на аеродром, се гушнавме, иако нему побитен момент му беше колата што му ја купив, отколку мајка му што се вратила“, вели низ смеа Антониа Гиговска за CRNOBELO.com.
За јавноста таа е Антониа Гиговска - една од нашите најдобри пејачки и девојката со моќен глас. За Киан е само „мама“, но и најважната жена во неговиот живот.
Но, таа успева да биде и едното и другото - нежна и грижлива мајка, целосно посветена на синот и млада музичка ѕвезда која не прави компромиси во кариерата.
А кога е во прашање кариерата, Антониа работи напорно на нејзиниот втор албум и утре (04.05) ја промовира втората песна што ќе се најде на него, „Аман“.
За кариерата, мајчинството, за сопругот, но и каква е зад затворени врати, Антониа ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:
Помина повеќе од еден месец од снимањето на спотот за песната „Аман“ во Египет, и таа конечно ќе ја има својата промоција. Како си помина на снимањето, постои ли некоја анегдота по која засекогаш ќе се сеќаваш на тие неколку дена?
Ух, како си поминав сигурно знаеш. Секогаш преубаво со мојата екипа, и би го повторила патувањето веднаш, ако ме прашуваш мене, а верувам и останатите.
Јаки анегдоти има еден тон, но можам да издвојам, ете, неколку поинтересни.
Излегуваме од смештај спремни за на сет, надвор пука сонце сите се сончаат, си уживаат, ние одиме на снимање.
Му се вртам на Даниел Николовски, и му викам „Што убавко, сите си се сончаат“, а тој ми враќа: „Нормално ќе си се сончаат, јас дојдов во Египет чешларка на Антониа Гиговска да ѝ бидам“.
Исто интересна анегдота беше што на локацијата каде што снимавме, имаше еден човек кој „мртов ладен“ си живееше со 2 жени, а тие најдобри другарки (ха-ха).
Твојот имиџ со бела коса и „веѓи без веѓи“ предизвика мешани реакции, дури и по некоја критика. Зошто избра ваков имиџ за спотот?
Сакав да бидам поразлична, сакавме да направиме нешто ново како и секогаш, и мило ми е што тоа никогаш не останува незаприметено.
Коментари секогаш ќе има, но ќе го издвојам оној дека сум „Лејди Гага од Тему“, на кој многу се смеев и навистина им благодарам прво на комплиментот дека наликувам на Лејди Гага, а после на истиот тој коментар кој многу ме насмеа.
Колку многу ти фалеше синот Киан додека беше во Египет? Некои мајки велат дека им се кине срцето кога мора да го остават детето на неколку дена - каков е случајот со тебе?
Ух, премногу. Му ѕвонев на камера да го видам, но мојата беше исклучена за тој да не ме види.
Ова ми беше прво одвојување од него на 5 дена и некако многу денови ми се видоа.
Но, и многу брзо пројдоа, па кога се видовме на аеродром и кога ме пречека, се гушнавме, иако нему побитен момент му беше колата што му ја купив, отколку мајка му што се вратила.
Како реагира Киан кога те гледа на ТВ - често си со кратка коса, некогаш со силна шминка (а приватно не сакаш многу да се шминкаш)… Му се случува ли да се збуни или веќе нема таков проблем?
Му се случуваше да се збуни како помал и тоа ме растажуваше на моменти.
Денес, кога ќе ме види или слушне на ТВ, се врти и вика „мамаааа“.
Многу многу убав момент ми е кога ќе почне да игра на некоја од моите песни.
Тој веќе станува момче, се менува. На кого потсетува повеќе во карактерот на оваа возраст - на тебе или на Роберт?
Па, искрено наликува и на двајцата, затоа што е бесен и е многу хиперактивен.
Ќе менува, па ќе видиме. Но, најважно е дека сака да ручка чајна како мама.
Киан ги гледа потезите на татко му и ги повторува, па веќе пазиме што правиме пред него!
Како најмногу сака да го поминувате времето заедно, кои му се омилените активности?
Возиме кола, одиме во игротека, одиме да играме фудбал на игралиште, и уште ред други работи кои му се интересни.
Но, сè тоа трае по 10-15 секунди, а после одиме на друга игра.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





