Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик
- Детали
- среда, 16 јули 2025
„Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата најголема среќа и ќе те чувам додека сум жива. Ти си мојот живот! Засекогаш“ - напиша Антониа и сподели ретки фотографии од Киан како бебе.

Киан, синот на Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски - Џокер наполни 2 години.
Родителите му направија забава со многу дечиња во игротека, а на која двајцата беа облечени во уникатни маички на кои пишуваше „Мајката на славеникот“, односно „Таткото на славеникот“.

Еден ден по забавата, Антониа на своите социјални мрежи сподели десетина постари фотки од Киан, а на повеќето од нив тој е бебе.
Но, овој пат, Антониа не го скри неговото лице, како што правеше во времето кога тој навистина беше бебе.
„Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата најголема среќа и дека ќе те чувам додека сум жива. Ти си мојот живот! Засекогаш“ - напиша таа.

Следбениците, пак, ѝ коментираа дека Киан бил многу слатко бебе, а дека тие се прекрасно семејство.
Погледнете ги фотографиите:








А. Ј. | Црнобело
