Бајковитата свадбена фотосесија на Александар од „Либеро бенд“ и Марија во Италија: „Локалците го застануваа сообраќајот за нас“

„Снимено е буквално сè - од изгрејсонце на Дуомо, кога Милано уште спиеше, до улиците на Белаџио и величествената вила Песина. За изгледот за фотосесијата се погрижив сама, а Александар и тимот ми помагаа околу фустанот, штиклите, велот, носење вода, огледало“, вели Марија Стојановска за CRNOBELO.com. 

bajkovitata-svadbena-fotosesija-na-aleksandar-od-libero-bend-i-marija-vo-italija-lokalcite-go-zastanuvaa-soobrakjajot-za-nas-01.jpg

Александар Тасевски (32), од Либеро бенд, и неговата сакана Марија Стојановска (28) ќе се заколнат на вечна љубов на 8 септември, кога е закажана нивната свадба во познат скопски ресторан.

Најавата за свадбата и свадбената фотосесија, направени во срцето на Милано и на езерото Комо, предизвикаа големо внимание.

Нивнoто неодамнешно Save the Date видео, објавено на Инстаграм, привлече огромно внимание и најави свадба што ветува стил, љубов и вистинска магија.

И фотографиите направени во Италија се како од бајка. Марија и Александар заљубено позираат пред и во близина на миланското Дуомо, уживаат додека се возат на бротче во езерото Комо, во црвен спортски автомобил низ Италија, а дел од фотосесијата е направена и во една од вилите, кои се специфични за овој дел од земјата.

Додека ја правеле фотосесијата, Марија и Александар за забавувале и уживале во секој момент, кој, велат, ќе го паметат засекогаш.

bajkovitata-svadbena-fotosesija-na-aleksandar-od-libero-bend-i-marija-vo-italija-lokalcite-go-zastanuvaa-soobrakjajot-za-nas-02.jpg

За прекрасната фотосесија во Италија, но и за нивната љубовна приказна, Марија раскажа за CRNOBELO.com:

„Александар е музичар во Либеро бенд и покрај настапите на сцена, секојдневно ја пренесува својата љубов кон музиката и во училишните клупи, каде  работи како наставник по музичко образование.

За мене, пак би рекла дека сум динамична и мултиталентирана - продукт менаџер по професија, но и ментор по програмирање, графички дизајн и веб дизајн.

Ние одамна ја комбинираме нашата љубов со креативноста - заедно работиме во свое студио, каде снимаме и едитираме музички спотови, реклами и фотографии.

bajkovitata-svadbena-fotosesija-na-aleksandar-od-libero-bend-i-marija-vo-italija-lokalcite-go-zastanuvaa-soobrakjajot-za-nas-05.jpg

И иако распоредот ни е преполн со обврски, секогаш наоѓаме време за заеднички патувања, авантури и создавање спомени.

Па, така, бевме и пресреќни и горди што токму ние сме првиот пар од Македонија кој направил предсвадбена фотосесија на толку гламурозни локации – Милано и езерото Комо, каде модата, уметноста и романтиката се дел од секојдневието.

Се чувствувавме како да снимаме сопствена филмска љубовна приказна.

bajkovitata-svadbena-fotosesija-na-aleksandar-od-libero-bend-i-marija-vo-italija-lokalcite-go-zastanuvaa-soobrakjajot-za-nas-06.jpg

Нашите пријатели велат дека сме секогаш насмеани, позитивни и спонтани, и тоа сме навистина ние.

Живееме со идејата дека животот е подобар кога не се плашиш да експериментираш, кога излегуваш од комфорната зона и кога со партнерот градиш свет полн со автентични искуства и спомени.

bajkovitata-svadbena-fotosesija-na-aleksandar-od-libero-bend-i-marija-vo-italija-lokalcite-go-zastanuvaa-soobrakjajot-za-nas-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Магичната бохо свадба во природа во Струмица на Марија и Мартин, кои учеле во исто одделение во осно... Под отворено небо, со дрвени бохо конструкции, рачно изработени макраме детали, ...
Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Дона и Филип од Скопје направија бајковита свадбена фотосесија во Рим: „Пред фонтана Ди Треви бевме ... „Фризурата ја правев во маалска фризерница близу хотелот, а се шминкав сама колк...

Најчитани неделава