Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт
Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете многу алкохол – никој не сака да се расправа со пијани гости на свадба.

Сезоната на свадбите е во полн ек и без разлика дали сте поканети кај некој многу близок или само познаник, мора да обрнете внимание на вашето однесување.
Не е важно дали досега сте биле на пет, десет или повеќе свадби – голема е веројатноста да правите некоја грешка кога е во прашање бонтон.
Овие грешки веруваме дека не ги правите намерно, ниту со цел да навредите некој, но важно е да бидете свесни за нив.
За Business Insider, бонтон експерт споделува кои се најголемите грешки што ги прават гостите:
Не го потврдувате присуството навреме
Свадбите, особено оние со повеќе гости, бараат многу планирање и координирање.
Однапред треба да се испланираат порции, пијалаци, но и места за седење.
Па, за младенците е навистина важно да го знаат точниот број на гости. Затоа неучтиво е ако доцните со потврдата, но и ако се премислите во последен момент.
Секако, има исклучоци, како непредвидливи ситуации кои можеби ќе ве спречат да одите на свадбата. Во тој случај, важно е да се извините.
Пристигнувате доцна
Почитувајте го времето за пристигнување и немојте да доцните на свадбата.
Момчето и невестата имаат одредено до точно кога ќе пречекуваат гости бидејќи потоа сакаат да можат да уживаат во прославата.
Го игнорирате дрес кодот
Доколку има дрес код за свадбата, потрудете се да го почитувате.
Ако немате таква облека и не сте во можност да купувате, тогаш подобро позајмете отколку да се облечете премногу лежерно или, пак, премногу свечено.
Носите бела облека
Никако немојте да носите бела облека на свадба ниту, пак, фустан кој наликува на венчаница.
Со ова покажувате огромно непочитување кон невестата и делувате како да сакате да ѝ го украдете вниманието.
Во ред е да носите облека со некои бели детали, но никако не одете во бело од глава до пети.