Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти

„По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засрамено и навистина го повреди син ѝ“, открива девојка чија свекрва дошла на нејзината свадба во венчаница.

zhena-otishla-na-svadbata-na-sin-vo-venchanica-snaata-ja-objavi-javno-za-da-posramoti-01.jpg

На секоја свадба треба да се почитува едно правило кога е во прашање облеката – женските гости не треба да носат бело или фустани кои наликуваат на венчаници.

Нормално, ова не важи ако момчето и невестата побараат од гостите да се облечени во бело, но генерално постои како непишано правило.

Но, што кога мајката на младоженецот ќе реши да се појави не во бел фустан, туку во венчаница?

Девојка, која на ТикТок е потпишана како sage sarkis сподели дека се нашла во ваква ситуација, а фотографиите што ги објави веќе неколку месеци се споделуваат вирално на социјалната мрежа.

На првата фотографија се гледа девојката како позира со момчето и свекрвата на денот на свадбата.

Таа е со раскошна венчаница, додека нејзината свекрва носи долг бел фустан со везови.

zhena-otishla-na-svadbata-na-sin-vo-venchanica-snaata-ja-objavi-javno-za-da-posramoti-02.JPG

Следната фотографија е од онлајн продавница за венчаници и јасно се гледа дека фустанот што го носи свекрвата е навистина венчаница.

Таа споделува уште две-три фотографии на кои го покажува фустанот на свекрвата и го споредува со оној од продавницата за венчаници.

На крај таа покажува и фотошопирана фотка на која венчаницата на свекрвата е со портокалова боја.

Во коментари, девојката добива поддршка што јавно ја објавила свекрвата, а некои споделуваат и нивни слични искуства.

zhena-otishla-na-svadbata-na-sin-vo-venchanica-snaata-ja-objavi-javno-za-da-posramoti-03.JPG

Нормално, има и многу критики за мајката на младоженецот.

„Најлудо е што фустанот го има во неколку нијанси, а таа избрала бела“.

„Гледајте и како го држи син ѝ за рака…“

„Мојата свекрва ме праша какви фустани ќе носат деверушите. Реков розови и ја замолив да не носи розов фустан. Нормално, на свадбата се појави со розов фустан, но беше изненадена бидејќи деверушите имаа сиви фустани“.

„Па, само што си се омажила со љубовта на нејзиниот живот“.

„И мене ми се случи истото, но со мајка ми. Ми покажа три други фустани, но на свадбата се појави со венчаница и ми рече дека ова бил и нејзин ден“.

„Мојата свекрва ја носеше нејзината венчаница на мојата свадба“.

zhena-otishla-na-svadbata-na-sin-vo-venchanica-snaata-ja-objavi-javno-za-da-posramoti-04.JPG

Исто така во коментари, девојката открива и дека нејзиниот сопруг бил гневен на мајка му и по свадбата прекинал контакт со неа.

Во изјава за Bored Panda, девојката открива дека свекрвата и претходно им создавала проблеми.

„Прво се прашував како може да ни го направи ова на свадбата. Бев засрамена. Но, одлучив да не ѝ речам ништо и да продолжам со денот бидејќи не сакав да дозволам да ни го уништи“.

Таа додава и дека свекрва ѝ целиот живот го манипулирала син ѝ.

„Цел живот ја трпи мајка му. По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно и дека немало никаков проблем со фустанот, кога во реалноста вистински го повреди син ѝ“.

zhena-otishla-na-svadbata-na-sin-vo-venchanica-snaata-ja-objavi-javno-za-da-posramoti-05.JPG

Девојката вели дека свекрвата кажувала ужасни работи на свадбата за нив, а дел од ова било фатено и на камера.

Па, затоа решила да ги објави фотографиите.

„Имаме видеа од нашата свадба на кои кажува одвратни работи за мене и за нас. Сметам дека имам право што ја објавив јавно и ова ми помага да се справам со ситуацијата.

Сега единствено сум загрижена за тоа што дел од семејството сака да се оддалечи од нас. Но, ако нè осудуваат бидејќи ја кажуваме вистината, тогаш јас не можам да направам ништо“.

Погледнете ја објавата ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магичната бохо свадба во природа во Струмица на Марија и Мартин, кои учеле во исто одделение во осно... Под отворено небо, со дрвени бохо конструкции, рачно изработени макраме детали, ...
Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
9 креативни подарочиња за гостите на свадба (што надежно нема да завршат во канта) Теглички со мед на секоја чинија, лепеза за гостите да се разладат на секое стол...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg