Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт
Фотографирате за време на важните моменти
Венчавањето во црква и венчавањето пред матичар се најважните моменти на свадбата.
Па, немојте да се туркате за да ги фотографирате младенците и да им го уништите моментот.
Бидете трпеливи и кога ќе заврши главниот дел, секако дека ќе имате можност да се фотографирате.
Покрај тоа, денес сите младенци најмуваат професионални фотографи, па сигурно ќе добиете фотографија од моментот.
Носите непоканет гостин
Ако сакате да одите на свадба со некој кој не е официјално поканет, мора однапред да им кажете на младенците, и тоа не ден пред свадбата, туку многу порано.
Исто така, почитувајте ја нивната одлука ако ви кажат дека нема место за уште една личност или ако сакаат свадбата да биде поинтимна бидејќи, сепак, тоа е нивен ден.
Претерувате со пиење
Пиењето е практично неограничено на свадбите, но ова не е причина да се опиете.
Во ред е да се расположите како и сите гости, но бидете умерени.
Никој не сака да се расправа со пијани гости на свадба, па немојте да се посрамотувате.
Мислите дека сте главни на свадбата
Не е важно дали некој од младенците ви е брат, сестра, син, ќерка или најдобар пријател, вие не сте главната личност на свадбата.
Не пробувајте да бидете во центарот на вниманието.
Исто така, никако немојте да споделувате големи новости за вас, како принова во семејството. Се разбира, немојте ни да помислите да го запросите партнерот додека сте на свадба.
Си земате храна за дома
Точно е дека на свадбите секогаш останува храна.
Но, ова не значи дека треба да си соберете сè од масата кога ќе си одите.
Ако сепак сте наумиле да земете нешто, прашајте ги младенците.
Спирова С. | Црнобело