Емотивна објава на хрватски фотограф за невеста ќе ве расплаче: „Бидермаерот наместо кај пријателките – заврши на гробот на мајка ѝ“

„Секој чекор на Марина кон олтарот беше чудесен – тежок, а сепак лесен, како некој да ја носеше. Ако постојат сили, духови, енергии… верувам дека нејзината мајка беше таму со неа. Букетот не заврши во рацете на пријателките. Предаден е на мама, на нејзиното последно земско почивалиште, на плочата на нејзиниот гроб“ - пишува Томислав, свадбен фотограф од Хрватска за најемотивната свадба која ја фотографирал. 

emotivna-objava-na-hrvatski-fotograf-za-nevesta-kje-ve-rasplache-bidermaerot-namesto-kaj-prijatelkite-zavrshi-na-grobot-na-majka-i-01.jpg

Свадбите сами по себе секогаш се полни со измешани емоции и имаат моменти кои допираат до срце, но посебно оние, на кои недостигаат важни личности кои повеќе не се на овој свет, имаат посебна моќ да ни ја скршат душата.

Додека некои младенци одлучуваат празнината и споменот на родителите да си ја носат само во срцето и не дозволуваат никој друг на денот да го забележи тоа, други сакаат некако да го одбележат недостигот.

Токму таква реална приказна пренесува хрватски фотограф, кој ја доживеал најемотивната венчавка со невеста која му оставила посебен впечаток.

emotivna-objava-na-hrvatski-fotograf-za-nevesta-kje-ve-rasplache-bidermaerot-namesto-kaj-prijatelkite-zavrshi-na-grobot-na-majka-i-03.jpg

Томица Рашетина е свадбен фотограф кој ја преточува енергијата и емоцијата на младенците во прекрасни фотографии кои остануваат спомен за цел живот.

За свадбата на Марина, која ја изгубила својата мајка, тој направил емотивна фотосесија, каде таа позира со нејзина фотографија во прегратка и на уникатен начин одлучила да ѝ оддаде почит и да ја „смести“ покрај себе на големиот ден, иако не е тука. 

Но, освен фотките кои ќе ви ги насолзат очите, Томислав во описот на објавата напиша уште поемотивен текст, во кој го доловува она што го почувствувал на денот, енергијата на невестата, љубовта од саканиот и магичното присуство на мајката кое го претставува како виша сила.

Прочитајте го текстот на Томислав кој ќе ви ја распари душата и ќе ве расплаче, но и ќе потсети колку е силна љубовта помеѓу мајка и дете: 

„Никако да ги објавам овие фотографии. Со денови барам вистински зборови, но не оди… не се сеќавам дека некогаш сум имал невеста која толку чекала и толку го посакувала својот свадбен ден.

Можеби и сум имал, но никогаш не сум почувствувал толку силен копнеж и исчекување како кај Марина. Тоа се гледаше и по нејзиното одбројување на Инстаграм, по секој мал знак на радост и желба тој момент конечно да дојде.

emotivna-objava-na-hrvatski-fotograf-za-nevesta-kje-ve-rasplache-bidermaerot-namesto-kaj-prijatelkite-zavrshi-na-grobot-na-majka-i-04.jpg

Зошто објавата доцни и зошто немам зборови?

Затоа што овој ден беше повеќе од венчавка. Животот е убав кога си здрав, кога твоето семејство е покрај тебе, кога сите твои сакани се тука.

Сум фотографирал и венчавки на кои недостасувале родителите, и сакал или не сакал, празнината се чувствува… Но, овој пат, сè беше посебно, подлабоко, потопло, понежно.

Секој чекор на Марина кон олтарот беше чудесен – тежок, а сепак лесен, како некој да ја носеше. Ако постојат сили, духови, енергии… верувам дека нејзината мајка беше таму со неа.

За жал, мама веќе ја нема и никој сега нема да може да ја замени. Но, во една последна фотографија – иако технички и естетски не е за оваа објава – се гледа сè.

emotivna-objava-na-hrvatski-fotograf-za-nevesta-kje-ve-rasplache-bidermaerot-namesto-kaj-prijatelkite-zavrshi-na-grobot-na-majka-i-02.jpg

Се гледа Марина, покрај својот човек, покрај сопругот кој ја држи и носи, баш така како што треба. Сигурен сум дека покрај таков маж, чесен и смирувачки, раните сепак помалку ќе болат.

Неговата енергија е како магла која те обвива, стоплува и штити. Го знаете она чувство, кога ќе видите двајца луѓе и едноставно знаеш – тоа е тоа. Амин.

emotivna-objava-na-hrvatski-fotograf-za-nevesta-kje-ve-rasplache-bidermaerot-namesto-kaj-prijatelkite-zavrshi-na-grobot-na-majka-i-06.jpg

П.С. Знам дека многу напишав, а сепак ништо не кажав. Затоа ќе го додадам уште само ова – букетот не заврши во рацете на пријателките.

Предаден е на мама, на нејзиното последно земско почивалиште, на плочата на нејзиниот гроб.

emotivna-objava-na-hrvatski-fotograf-za-nevesta-kje-ve-rasplache-bidermaerot-namesto-kaj-prijatelkite-zavrshi-na-grobot-na-majka-i-05.jpg

Драга Марина и драг Марин, ви ја посакувам цела среќа и здравје на овој свет.

А на сите останати – сакајте се и чувајте се и не заборавајте да ги прегрнете своите родители секогаш кога можете“.

M. M. | Црнобело

*објавата и фотографиите се споделени со дозвола од авторот Томислав Рашетина и од невестата

Би можело да ве интересира:

Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg