„Работам како организатор на свадби – кои 5 работи би ги прескокнал за да заштедам залудно трошење пари?“

„Највеселите свадби не се оние кои биле најскапи. Како организатор на свадби кој видел многу вакви веселби, никогаш не би фрлил залудно пари на 5 работи, а паровите често ги прават тие грешки - од скапи подарочиња за на секоја чинија, до преплаќање непотребни декорации и ангажирање музика која не соодветствува на вкусот на гостите и нема никаква атмосфера“. 

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e-01.jpg

Сезоната на свадби веќе е во полн ек, а секоја година, трендовите од списанијата и Пинтерест, сè повеќе се вметнуваат во организацијата на овој голем ден.

Секако дека младенците за овој ден, доколку се љубители на добра организација и декор, го сакаат најдоброто што можат да си го дозволат.

Но, ако сте од оние кои сакаат естетика и добра забава, но сепак тоа да не биде преплатено, тогаш треба да внимавате на некои замки.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e-.jpg

Свадбата може да помине добро и без некои дополнителни и непотребни трошоци, а ако сакате добра забава треба да внимавате и во која насока ќе ги направите трошоците.

Ник Брамер е дел од експертски тим за организација на свадби и за британските медиуми споделува кои работи никогаш не би ги вклучил за својата венчавка, независно колку личат дека се тренди.

„Вашата свадба треба да биде рефлексија на тоа што сте вие како пар, а не на она што се прикажува во списанијата. Најубавите и највеселите свадби не се оние кои биле најскапи.

Туку оние свадби во кои паровите ми одбиле пола од непотребните додатоци и се фокусирале на она што им е важно на нив и на гостите, на добра храна, музика и гостопримство, наместо да се обидуваат да вметнат сè што ќе видат на Пинтерест“ – изјавил тој.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e.jpg

По организирањето на голем број свадби, открива кои 5 работи би ги прескокнал за својата свадба:

Најмување фотограф по секоја цена, без да видите портфолио или да слушнете искуство

Ниту најскапото значи дека е најдобро, ниту најевтиното може да ви биде од корист – важно е да имаат добро портфолио и да практикувате да побарате искуства од претходни младенци кои го препорачуваат студиото или фотографите.

Не секогаш значи дека целата свадба ќе ви биде добро фотографирана, ако некој има објавено неколку најдобри кадри на Инстаграм кои личат светски.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e0-2.jpg

Организирање активности за забава и тип на музика што не одговара на гостите

Најголема грешка е да организирате тип на забава која не одговара на типот на гости кои преовладуваат, водејќи се по тоа што е модерно.

Залудно е да донесете диџеј кој ги пушта најновите младешки хитови или шоумени со луди перформанси, ако поголем дел од гостите се возрасни.

Истото важи и за диџеј со електронска музика, а гостите се повеќе традиционални – нема да има енергија ниту атмосфера на подиумот.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e-03.jpg

Скапите подароци за гостите се залудно трошење пари

Порано се ставаа бонбончиња, а сега честопати младенците оставаат фино спакувано подароче со нивните иницијали на секоја чинија.

Но, сите прескапи вакви декорации се залудно потрошени пари, бидејќи најголем дел од гостите забораваат да си ги земат или откако ќе ги чуваат краток период дома, потоа истите завршуваат во ѓубре.

Подобро е да одберете некое слатко задоволство кое може да се изеде на лице место, наместо тегла со џем што никој никогаш нема да го проба, а по некое време ќе биде фрлен.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e-04.jpg

Бирање локација за свадба според Инстаграм фотки

Како и за фотографите, истото важи и за ова. Неколку добри кадри од ќошиња и декорации во локалот не значи дека целиот простор е добар за вашата свадба.

Задолжително посетете ги сите локации пред да ги ставите потесен избор – независно дали се класични свадбени ресторани или други алтернативни простори.

Ограничени паркинг места, преголем празен простор, лоши тоалети, лошо озвучување, празен базен и други детали кои не се гледаат на фотки – може да придонесат за дополнителна нервоза подоцна.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e-05.jpg

Претерување со непотребни додатоци кои немаат вредност

Лесно е да се отиде во неповрат при организирање свадба, во обидот да купите и направите сè што ви се допаѓа.

Но, многупати организаторите на свадби, бизнисите за декорација или рестораните, нудат непотребни додатоци, кои звучат добро на прва, но реално не се секогаш потребни.

На пример, некогаш нема потреба да се доплаќаат многу пари за светилки, прекривки за столчиња, премиум аранжмани со цвеќиња и кич декорации кога не влијаат никако на самото искуство и доживување, ако е со вкус украсено и со основниот пакет.

„Сум видел луѓе кои доплаќаат стотици евра на други чаршафи или прекривки за столчиња или дополнителна декорација со цвеќиња и свеќи на масите, а онаа која ја нуди ресторанот била сосема во ред и убава“ – вели Ник.

rabotam-kako-organizator-na-svadbi-na-5-raboti-nikogash-ne-bi-dal-pari-zaludno-troshenje-e-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg