Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се смрзнува продавајќи на пазар“

„Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум го заслужила, којзнае што сум му направила на бившиот сопруг, јас сум за тепање… Да се згрози човек“, раскажува Сања Димковска, самохрана мајка која е сопственичка на фарма во кумановското село Четирце.

sonja-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-vo-s-chetirce-motiv-za-biznisot-mi-beshe-majka-mi-da-ne-se-smrznuva-prodavajkji-na-pazar-01_1.jpg

Сања Димковска е сопственичка на Живинарска фарма Четирце. Воедно, таа е самохрана мајка која вели дека 7-годишната ќерка Анастасија ѝ е најголемата гордост во животот.

Сања е и дипломиран дигитален маркетер, но по некои животни околности, одлучила да почне со работа на својата фарма.

Во интервју за CRNOBELO.com, Сања ни раскажува за предизвиците со коишто се соочила како самохрана мајка, што ја поттикнало да го почне својот бизнис, а истовремено ги инспира жените да станат свесни за својата вредност.

Целото интервју во продолжение:

Со какви предизвици се соочи откако стана самохрана мајка, кој ти беше најголемиот страв?

Мхмм… искрено не беше лесно ни во еден момент.

Но, кога ќе се вратам сега во минатото, пред 5 години гледам сосема друга личност, сосема друга Сања која е скршена од болка, која луѓето и мојата околина каде што живеам ме осудуваа.

Сепак, моето село е многу мало место и секој за секого знае сè…

Бев соочена со луѓе кои дотогаш мислев дека ми се пријатели, за подоцна да се покаже дека не се и да се тргнат од мене со изговор дека „ти имаш мало дете па немаш време за нас“.

Чест на неколку другарки и мојата кума кои останаа со мене и ден-денес сме заедно.

Но, мојот најголем предизвик не беше да одам со „пријатели“ на ручеци и вечери и излегувања, туку да си го изведам детето на правиот пат, тоа што денес и го постигнав.

sonja-dimovska-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-izgubiv-prijateli-koga-ostanav-sama-najgolema-poddrshka-mi-bea-roditelite-20_copy.jpg

Како се снајде со тешкотиите? Ти требаше ли време да застанеш на нозе и дали имаше поддршка од семејството, пријатели…?

Искрено и од срце најголемата поддршка ја имав од моите родители, бидејќи во тоа време јас не работев.

Анастасија освен што ја доев, и ја дохранував, а знаете и сами колку финансии треба на месечно ниво за едно бебе…

Сите финансии тогаш ги имав од моите родители кои, пак, не беа во некоја добра финансиска состојба од причина што татко ми немаше редовни примања, како на пример плата, туку кога ќе има од фармата прасиња да продаде тогаш…

sonja-dimovska-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-izgubiv-prijateli-koga-ostanav-sama-najgolema-poddrshka-mi-bea-roditelite-04.jpg

Можеби да нема и по 2-3 месеци, а покрај тоа тогаш прасињата се продаваа 100 денари за 1kg прасешко месо.

Но, Анастасија секогаш имаше во кујна вишок кутија адаптирано млеко, залиха на пелени, чајчиња и слично.

Никогаш не ѝ фалело ништо, моите родители делеа од нив само да ја изгледаме Анастасија.

sonja-dimovska-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-izgubiv-prijateli-koga-ostanav-sama-najgolema-poddrshka-mi-bea-roditelite-11_copy.jpg

Дали се соочуваш со осуди бидејќи си самохрана мајка? Какви?

Сега веќе не, можеби ќе слушнам некој коментар, ама тоа веќе сега не ме допира. Сега веќе не постои Сања од пред 5 години.

Сега сум многу изградена ментално, имам доволно самодоверба и сега се водам по тоа дека секој од нас го кажува и дава она што тој го поседува… Не замерувам на никого ништо, ама не се дружам со такви луѓе.

Осудите во минатото биле од типот тоа сум го заслужила, којзнае што сум му направила на бившиот сопруг, ја сум за тепање. Да се згрози човек искрено.

Каков менталитет сме на луѓе, како си земаме за право да судиме на друг, а без да знаеме ни 2% за што се работи.

sonja-dimovska-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-izgubiv-prijateli-koga-ostanav-sama-najgolema-poddrshka-mi-bea-roditelite-05_copy_copy.jpg

Што работеше пред да почнеш со работа на фармата и што те мотивира да го почнеш бизнисот?

Пред активно да почнам со работа на фарма, бев вработена во една брокерска компанија во Скопје за осигурување и активно патував на релација Куманово-Скопје.

Па, искрено сè се случи спонтано, јас никогаш не го планирав ова што денес го имаме.

Мојот првичен мотив да речам е само мајка ми да ја ослободам, да не се смрзнува на пазар носејќи јајца бидејќи има висок крвен притисок, а и во летниот период кога има повеќе јајца да не стои на сонце.

sonja-dimovska-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-izgubiv-prijateli-koga-ostanav-sama-najgolema-poddrshka-mi-bea-roditelite-19.jpg

Но, Господ имал други планови за мене и многу сум му благодарна. Иако на почетокот не ми беше воопшто лесно бидејќи работев од 8 до 16, ја земав Анастасија секогаш последна од градинка, одев во село и се товарев со јајца и пак заминував за Скопје до 10 часот навечер да ја направам доставата…

И така можеби скоро 1 година/

Најголемата жртва ја има поднесено Анастасија, но сега е горда на нејзината мајка што мене особено ми е мило.

Што во мене гледа како мајка која се изборила со сè, што никогаш не сум седела да плачам пред неа и да ѝ кажам таква ни е судбината.

А, и ден денес истото го правам — се борам и ќе се борам само за неа, да разбере уште од мала колку сме ние жените борбени и колку можеме да придонесеме за ова наше општество.

sonja-dimovska-e-samohrana-majka-so-svoja-farma-izgubiv-prijateli-koga-ostanav-sama-najgolema-poddrshka-mi-bea-roditelite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg