Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Како да се ослободите од насобраниот гнев, по ретроградниот Меркур?

Рак - Како мошне емотивни луѓе, вие сте под стрес пред, за време и по ретроградниот Меркур. Како да се ослободите сега од него?

kako-da-se-oslobodite-od-nasobraniot-gnev-po-retrogradniot-merkur-01.jpg

Ако во изминатиот период се соочувавте со хаос, недоразбирања и стрес, најверојатно за тоа беше виновен ретроградниот Меркур.

Но, добрите вести се што оваа фаза е конечно готова, па ќе можеме конечно малку да здивнеме и да се ослободиме од стресот.

Некои хороскопски знаци го почувствуваа посилно влијанието на планетата, а некои послабо, но факт е дека на сите ни треба период за да се справиме со негативните последици што Меркур ни ги остави.

Што треба да направите за полесно да се справите со стресот што ретроградниот Меркур ви го предизвика во последниот месец?

Овен

Изминатиот месец најверојатно ви беше исполнет со хаос и недоразбирања, па воопшто не е чудо што и по завршувањето на негативното влијание на планетата сѐ уште се чувствувате полни со гнев и нервозни.

Најдобро ќе се ослободите од овие емоции ако си дадете шанса за физичка активност што ќе ве исцрпи и ќе ве измори.

Најдобро би било да се препотите во теретана за да се ослободите од насобраниот стрес и да си ги разбистрите мислите.

Бик

Овој ретрограден Меркур речиси и да успеавте да го избегнете.

За време на целиот период бевте практични и свесни за негативните влијанија, па заради смиреноста и прибраноста успеавте да го преживеете периодот без поголеми последици.

Сепак, убаво би било, по завршувањето на овaa фаза да се почестите себеси со малите слатки задоволства во кои уживате.

Почестете се со ден во спа-центар, масажа или еден убав ручек, затоа што храбро го издржавте изминатиот период.

Близнаци

Со оглед на тоа што Меркур е ваш владетел, вие секогаш сте најпогодени кога тој ќе почне да се движи наназад.

За вас овој период честопати е вистински кошмар и најчесто ги чувствувате сите негативни последици и сметате дека сѐ што може да тргне наопаку, ви тргнува.

За да се ослободите од сите недоразбирања што настанале во изминатиот период, добро би било да воспоставите контакт со луѓето што ви се драги и да разговарате за проблемите што ве снашле.

Исто така, дајте си можност да побегнете некаде каде што нема ниту интернет, ниту телефон и да се ослободите од целиот стрес.

Рак

Како мошне емотивни луѓе, вие сте под стрес пред, за време и по ретроградниот Меркур.

Напнати сте и се подготвувате за сите неволји што може да ве снајдат, па затоа многу ви е тешко да се вратите во нормала.

Дајте си шанса еден ден да се одморите.

Легнете и одморете, ако сакате организирајте го просторот во којшто живеете или почнете некој нов проект што ве исполнува – дајте си до знаење дека најлошото помина и сега треба малку да уживате, пред да почнете да се подготвувате за следната ретроградна фаза.

Лав

За време на секој ретрограден Меркур, Лавовите се соочуваат со одложувања во патувањата, проблеми во врските, недоразбирања со пријателите...

По три долги и стресни недели дефинитивно ви треба да си дозволите една вечер да уживате во вино и уметност.

Без разлика дали станува збор за цртање или некоја друга уметност што ве исполнува, тоа е најдобар начин да се ослободите од стресот, но и да покажете колку знаете и што умеете.

Девица

Меркур е ваш владетел и затоа најсилно го чувствувате негативното влијание. Овие три недели за вас беа вистински кошмар и сега сте среќни што преживеавте.

Најлесно ќе се ослободите од насобраниот стрес ако еден ден посветите на организација и расчистување на домот.

Ослободете се од сите непотребни работи и ослободете простор за нова позитивна енергија во вашите животи.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Во кој град треба да се преселите, според хороскопскиот знак? Лавови, вие сте харизматични, сакате да го споделувате вашето мислење и не ви е ...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg