|
2012
Љубов: Оваа година ви донесува долготрајно позиционирање на Марс во Девица, односно опозиција на вашиот знак. Ова веќе трае, а тука ќе биде сè до 4 јули. Ќе се манифестира низ динамичен личен живот, а вашите односи не ретко ќе бидат расправа во искушенијата, надмудрувањата, малите расправии, или постојаните натпревари кои би можеле лесно да ве уморат. Сепак бидејќи Марс ќе прима поволни аспекти од Јупитер и Плутон, се верува дека целата оваа гужва и перипетии генерално ќе бидат конструктивно насочени. Но, подгответе се за постојани љубовни расправии од помал или поголем интензитет. Не очекувајте куќичка во цвеќе и мир. Тоа нема да го има. Сепак, можете да очекувате победи во борбите за кои треба добро да се подготвите. Од летото ќе биде нешто помирно, но и вие ќе бидете помрзеливи за љубов. Или ќе претерувате во хедонизмот, или во аскетизмот. Така ќе балансирате во идните месеци. Поволни љубовни денови се оние помеѓу 15 јануари и 9 февруари, потоа повторно од 8 август до 7 септември, исто така и помеѓу 23 октомври и 17 декември.
Работа: Околу сè што ќе почнете да се договарате од вас ќе се бара поголем ангажман и многу нерви. Важно е да имате доверба во другите, бидејќи нивните предлози можеби ќе бидат и подобри од вашите, а крајот би требало да вроди со плод. Затоа првин послушајте ги другите, проанализирајте ги нивните идеи, па потоа решавајте. Ако не можете да ги прифатите, бидете подготвени подоцна да ја преземете одговорноста за некоја пропуштена можност. Во првата половина од годината добро организирајте се бидејќи ќе ви недостасува енергија. Од летото ќе имате повеќе сила, но и нерамномерност во работата. И тука е потребна добра подготовка и осмислен план како не би се растурале средствата кои ќе ви бидат доверени. Од октомври ќе ја имате поддршката на Сатурн кој ќе ви помогне на работата да и пристапите посериозно. Истата планета ќе ве спасува во искушенијата за претерано трошење пари и лекомислени планови.
Здравје и совет: Сè до 4 јули оваа година ќе мора паметно да се организирате. Тоа е време кога многу бргу ќе се трошите и уморувате. Со телесни барања приземјете го умот, па осмислете како помалку да се заморувате и повеќе да се штедите. Исто така редовно полнете ги своите батерии, било со прошетки во природа или некоја лесна рекреација. Јогата добро би ви дошла бидејќи не уморува, а освежува. Од летото ви се враќа енергијата, но поради квадратот на Јупитер би можеле да влезете во фаза на занемарување на грижата за сопственото тело. Не претерувајте со храна, пијалак и медикаменти.
|