2024-та е престапна година: Како да го искористите влијанието на 29-ти февруари, според астрологијата?

Денес е 29-ти февруари, односно престапен ден, а според астрологијата, но и нумерологијата, овој ден има позитивно влијание врз секој од нас и треба да го искористиме максимално.

2024-ta-e-prestapna-godina-kako-da-go-iskoristite-vlijanieto-na-29-ti-fevruari-spored-astrologijata-01.jpg

2024-та е престапна година, што значи дека овој февруари има 29 дена.

Истовремено, тоа значи дека оваа година ќе има 366 наместо 365 дена, а оние кои се родени на 29-ти февруари конечно ќе можат да си го прослават роденденот на нивниот датум.

Иако можеби не придаваме некое значење на престапната година, интересно е што се верува дека поради нумерологијата, 29-ти февруари има големо влијание врз многу аспекти од нашите животи, особено во 2024-та.

За да се одреди значењето на некој датум, во нумерологијата се собираат сите цифри од тој ден додека не се добие едноцифрен број.

Односно од 29.02.2024 следува 2 + 9 + 2 + 2 + 0 + 2 + 4 = 21.

За да добиеме едноцифрен број, ги собираме 2 и 1 со што се добива бројот 3.

Овој број во нумерологијата има големо влијание врз комуникацијата, љубопитноста и креативноста.

Па, денешниот ден е одлична можност да се фокусирате на проект или што било што вам многу ви значи, бидејќи шансите за успех се огромни.

2024-ta-e-prestapna-godina-kako-da-go-iskoristite-vlijanieto-na-29-ti-fevruari-spored-astrologijata-03.jpg

Истовремено, се верува дека престапниот ден има огромно (и позитивно) влијание и врз секој хороскопски знак.

Како да го искористите влијанието на овој ден, според вашиот знак?

Овен

Ве очекуваат добри вести и многу можности поврзани со финансиите.

Најверојатно ќе добиете идеја, а притоа ќе се охрабрите да преземете нешто во врска со неа.

Најважно е да ја слушате вашата интуиција и ќе се придвижите во вистинската насока.

Бик

Вашиот круг на пријатели се зголемува и ќе станете попопуларни од кога било.

Искористете ја вашата магнетна привлечност максимално.

Сосема возможно е и да реализирате некоја голема цел или, во најмала рака, да направите огромен чекор напред.

Близнаци

Ако се двоумите дали да почнете со реализација на некоја идеја, ова е вашиот знак да почнете со работа уште денес.

Очекувајте значителен напредок на професионално поле, а ако аплицирате за ново работно место, многу веројатно ќе го добиете.

Рак

Среќата дефинитивно е на ваша страна и можете да очекувате добри вести од секој аспект од животот.

Ако ви треба помош, слободно побарајте ја кај саканите, а потрудете се и да излезете од вашата зона на комфор.

Лав

Ако извесен период работите на нешто големо, најверојатно токму денес ќе ги видите резултатите.

Подгответе се и за добри вести, како повисока плата, бонус на работа, нови пријателства…

Девица

Најмногу позитивни промени ќе забележите на поле љубов.

Ако сте разговарале за долгорочни планови со партнерот, денес ќе се доближите до нивна реализација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg