|
Хороскоп
|
bliznaci
|
Близнаци 21.05-20.06
|
|
14 до 20 мај 2012
Љубов: Во деновите што следат можете да очекувате низа интересни средби, од нив некои ќе се случуваат на популарни собиралишта. Повици за излегување ќе има во изобилство. Оние во врска ќе го развиваат својот однос, а тие што се сами ќе го привлекуваат спротивниот пол.
Работа: Ова ќе биде седмица на мали, но значителни придвижувања. Работите во кои што треба да се контактира со луѓе ќе ви одат од рака, додека другите работи ќе ви изгледаат здодевно. Ќе треба повеќе да се задлабочите во она што го работите за да го откриете позитивното во него.
Здравје и совет: Одмoрајте повеќе.
|
|
Близнаци 21.05-20.06
|
|
Мај 2012
Љубов: До средината на месецот вашиот љубовен живот ќе се одвива динамично и складно. Ќе бидете помеѓу популарни личности, привлечни и отворени за другите. Врските ќе бидат добри. Од 16 мај Венера во вашиот знак ќе се движи ретроградно, што значи дека ќе почне период на љубовно освестување и анализирање. Ќе бидете заводливи, но со низа прашања.
Работа: Овој месец ќе им донесе големи можности на сите оние чија работа е поврзана со некое истражување. Можни се големи и важни откритија. Исто така ако се занимавате со алтернативна дејност, ќе имате добивка. Сите останати повеќе нека ја користат интуицијата во работата бидејќи таа ќе им биде непогрешлив водич и ќе им помага на најдобар можен начин.
Здравје и совет: Повеќето болни ќе оздрават. Инаку сте добро.
|
|
Близнаци 21.05-20.06
|
|
2012
Љубов: Пред вас е посебна година кога станува збор за љубовта и тоа најмногу затоа што Венера овој пат ќе се задржи во вашиот знак. Времето од 4 април до 8 август веројатно ќе го запомните по низата љубовни можности, по својот одличен изглед, по многуте детали кои ќе ви го исполнат секојдневието, како и по богатиот љубовен живот. Ако сè уште сте сами, излегувајте повеќе и движете се меѓу луѓе, бидејќи можноста да најдете сродна душа е многу веројатна. Кога на 12 јуни Јупитер ќе влезе во вашиот знак можете да очекувате среќа за која само сте сонувале. За некои ова ќе биде незаборавно лето. Исто така, многу поволен период е и оној помеѓу 1 и 15 јануари како и помеѓу 29 октомври и 23 ноември.
Работа: Во првата половина од годината секоја работа бргу ќе ве умори и постојано ќе имате чувство дека завршувате, па повторно почнувате од почеток. Сепак во себе ќе најдете доволно сила и стабилност да издржите. Организацијата ќе ви значи половина завршена работа, затоа прво планирајте, а потоа делувајте и тоа само таму каде што е потребно. Не трошете ја залудно енергијата затоа што ја немате на претек. Летото носи нови можности, отворања кои долго сте ги чекале, а и силата ви се враќа. Тоа ќе бидат недели на експанзија, а вие ќе знаете да го искомбинирате убавото со корисното. Некои ќе го прескокнат годишниот одмор, но тоа нема да им падне тешко. Од есента до крајот на годината продолжува периодот на поволни прилики, а на работното место ќе има малку мрачни моменти. Можно е некои колеги да ви завидуваат. Охрабрете ги во нивните амбиции. Здравје и совет: Сè до 4 јули ќе страдате од недостаток на енергија и ќе бидете осетливи на стресови. Со својата снаодливост ќе решите многу предизвици, но подоцна ќе се појави умор. Затоа е важно добро да се организирате и да се штедите. Немојте да одите преку своите граници. Летото ќе ви донесе повеќе енергија и оптимизам каков до сега не сте имале, а во преостанатиот дел од годината вашата кондиција и здравствената состојба ќе биде стабилна. Ќе имате некои помали грижи, особено околу исхраната (од есен), но вие ќе имате толку позитивни идеи така што своето мени бргу ќе го прилагодите на своите дневни потреби.
|
|
Близнаци 21.05-20.06
|
|
15 до 31 мај 2012
Близнаците се наоѓаат во помирен емотивен период, но може да се склони кон мечтаење или сонување за некоја личност која моментално не им е достапна, сепак можни се некои тајни љубовни врски. Кај Близнаците во врска односот со партнерот кон крајот на неделата ќе станат поскладни.
|
|
|
|
|
|
|
Онака
" Љубовта е краток збор, но содржи сè: таа е телото, душата, животот, целото постоење. "
Ги Де Мопасан (1850-1893)
|
|