|
Хороскоп
|
strelec
|
Стрелец 23.11-20.12
|
|
14 до 20 мај 2012
Љубов: Вашиот социјален живот ќе биде интересен и богат, а вие сте склони кон шеги и хумор. Со таков пристап ќе успеете да ја совладате дистанцата во личните односи од која страдате вие и вашиот партнер. Оние што знаат да се шегуваат на сопствена сметка се чекор понапред до подобрување на врската.
Работа: Ова ќе биде шарена седмица. Можете да очекувате и поддршка и критика од оние што работат со вас. Треба да се поставите професионално и да ја прифатите можноста дека и вие можете да погрешите. А кој признава, половина му се простува. Вам понекогаш ви се простува сè.
Здравје и совет: Прочистете го организмот со пост.
|
|
Стрелец 23.11-20.12
|
|
Мај 2012
Љубов: Следат денови на чекање и љубовни преиспитувања од кои сè уште нема да можете да извлечете конкретни заклучоци. Многумина ќе бидат на мака што да направат. Ако не сте сигурни во своите чувства, оставете му на времето и стрпете се. Толеранцијата и тактизирањето најмногу ќе ви помогнат. Кога имате потреба да бидете сами, повлечете се со образложение дека тоа е привремено.
Работа: На работното место ќе има многу случувања, а вие неретко ќе бидете презафатени. Можно е да преземете некои задачи на свој грб, кои не сте ги очекувале. Сепак ќе бидете задоволни без разлика на напорите што следат. Работите ќе се одвиваат добро, стабилно и со малку среќа. Посебно добро ќе им оди на оние што работат во услужните дејности.
Здравје и совет: Многумина ќе ги отфрлат нездравите навики.
|
|
Стрелец 23.11-20.12
|
|
2012
Љубов: Годината ќе почне релативно пријатно и без поголеми емотивни промени. Оние што се во стабилни врски ќе уживаат во мали секојдневни работи, а оние што се сами имаат изглед да најдат сродна душа преку работа или преку луѓето со кои што работат. Така ќе биде сè до летото. По 12 јуни, кога Јупитер ќе влезе во знакот на Близнаци и истовремено во вашата опозиција, би можеле да станете мрзеливи или да се препуштите на хедонистичкиот стил на живот. И Венера ќе ви биде во опозиција во поголемиот дел од летото (до 8 август). Партнерот ќе ви дава можност за хедонистички живот, а со сто тоа ќе оди и цела низа изговори за избегнување на редовните должности во животот, или пак едноставно претерување во страстите и консумациите. На некои тоа може да им наштети, па нека водат сметка. Поволните љубовни денови ќе следат од 9 февруари до 6 март, потоа повторно од 7 септември до 4 октомври и многу поволни денови од 17 декември до крајот на годината.
Работа: Целиот прв дел од годината можете да очекувате зголемен притисок од претпоставените. Тоа ќе ве нервира, но нивните барања кон вас во завршницата ќе вродат со убави резултати. Затоа прифатете ги своите нови одговорности како нешто што подоцна ќе ве промовира во квалитетен работник. Клучот на успехот е во добрата организација, затоа што ќе ви недостасува сила да завршите сè што се бара од вас. Во текот на летото премногу ќе се релаксирате па некои дури и ќе го намалат постигнатото. Не трошете таму каде што не треба. Тоа важи сè до крајот на годината, а од есен ќе работите потивко и поповлечено. Нема да има поголеми придвижувања, но ниту ограничувања. Ќе бидете инвентивни, но и склони кон лесномисленото. Кај секоја работа проверувајте дали е се во согласност со законот за да избегнете помали пропусти.
Здравје и совет: Квадратот на Марс ќе ви донесе малку немир и недостаток на енергија сè до 4 јули. Имајте на ум дека во тој период ќе ви треба два пати повеќе енергија за нешто што инаку би го направиле побргу и поефикасно. Летните месеци би можеле да ви донесат поголема неуредност во навиките, па некои ќе заглават во претерување во некои навики и губење време. Помали нејасни стравови би можеле да се јават од есен кога Сатурн ќе влезе во вашето природно 12-то поле на потсвеста и ќе ги испровоцира длабоко закопаните работи. Важно е да се освестите со концентрирана самоанализа и да настојувате да бидете подисциплинирани во стилот на живеење, па сè ќе биде под контрола.
|
|
Стрелец 23.11-20.12
|
|
15 до 31 мај 2012
Стрелците ќе излезат од периодот кој им беше поповолен за нови познанства и средби, но слободните припадници на знакот и понатаму ќе имаат шанси за нови познанства преку работата. Стрелците кои се во врска во овој период ќе може да ја стабилизираат врската и да ја согледаат нејзината вредност.
|
|
|
|
|
|
|
Онака
" Чувствувај го стравот и сепак направи го тоа. "
Сузан Џеферс
|
|