|
Хороскоп
|
|
Овен 21.03-20.04
|
|
14 до 20 мај 2012
Љубов: Првиот дел од седмицата ќе ветува, а вие сте подготвени за добра комуникација и складни контакти со личности од спротивниот пол. Вториот дел од седмицата донесува предизвици кон кои ќе треба да се прилагодувате. Ќе биде потребно повеќе труд и толеранција.
Работа: Без разлика што ќе имате инвентивни идеи, тие нема секогаш да наидат на поволно поднебје. Затоа ќе биде потребен разум. Дури кога јасно ќе препознаете кому можете да му презентирате, тогаш ќе знаете што треба да правите.
Здравје и совет: Бидете тактични во секој поглед.
|
|
Овен 21.03-20.04
|
|
Мај 2012
Љубов: Сигурноста ќе биде клуч на вашите лични односи овој месец. Ќе ви биде важно колку цврсто стоите, па многумина ќе направат сè да постават трајни темели на својата врска. Оние што се сè уште сами ќе гледаат да најдат и да се зближат со личност со која би можеле да остварат подолга врска. Такви ќе им бидат и критериумите. Ќе знаат да се изразат.
Работа: Во текот на овој месец извесно е дека ќе остварите завидни финансиски резултати. Понекогаш дури неочекувано добри. Вашата самодоверба ќе порасне, па уште поподготвени ќе влезете во нови деловни потфати. Тие ќе се одвиваат на цврсти основи, што значи дека нема да имате оригинални и напредни идеи. Напротив.
Здравје и совет: Ќе бидете во добра форма целиот месец.
|
|
Овен 21.03-20.04
|
|
2012
Љубов: Сè до 6 октомври 2012 Сатурн ќе биде во опозиција на овој знак, па до тогаш уште малку ќе поработите на расчистување на односите со луѓето, особено ако се работи за приватните односи. Тоа ќе биде конечно дефинирање на љубовните очекувања, утврдување на критериуми од кои лесно нема да отстапувате, а повремено ќе се појавуваат и благо фрустрирачки периоди на кои веќе се навикнавте. Сепак, ова ќе биде само завршно брусење низ кое ќе почне да сјае вашата најново стекната зрелост. Од есен точно ќе знаете што сакате, ќе дојде до олеснување и подобрување на односите. Поволни периоди за љубов кога Венера ви е исклучително наклонета се деновите од 9 февруари и до 6 март, кога Венера се наоѓа во Овен, потоа добро е и од 7 септември до 4 октомври и повторно од 17 декември до крајот на годината.
Работа: Ќе имате добра перспектива во работата за сите работи што ќе ги преземете, а вашите постапки ќе вродат со плод. Така ќе биде во првата половина од месецот, па можете да очекувате многу добри финансиски резултати, многу ангажирања на работното место, како и зголемено позитивно влијание на другите. Во последново ќе мора да балансирате, а особено мора да бидете тактични со претпоставените. Летото носи проширување на деловните контакти, повеќе движење и деловни патувања, додека од есен се создаваат сите препреки за договори и многу прашања полесно се решаваат со помош на подобра соработка. Целата година ќе бидете пооригинални од другите.
Здравје и совет: Поради долгото задржување на Марс во Девица (до 4 јули) можно е повремено да чувствувате акутни проблеми поврзани со варењето. Бидејќи истата планета е добро поставена, сето тоа ќе ве наведе повеќе да се позанимавате со своите животни навики и стил на исхрана. Ќе бидете активни на тие теми, а некои ќе си зацртаат здрави цели кои ќе ги достигнат во вториот дел од годината, кога нивниот организам уште повеќе ќе зајакне. Сите планети уредно се поставени што се однесува до здравјето и кондицијата, па можете да се занимавате со спорт колку што сакате.
|
|
Овен 21.03-20.04
|
|
15 до 31 мај 2012
Овните влегуваат во помирен емотивен период, што нема да им одговара на слободните припадници од знакот бидејќи ќе им се намалат шансите за нова љубов и врска. Овните кои се во врска ќе имаат стабилни односи со партнерот, без турбуленции, но и без емотивен занес.
|
|
|
|
|
|
|
Онака
" Чувствувај го стравот и сепак направи го тоа. "
Сузан Џеферс
|
|