|
2012
Љубов: Опозицијата на Јупитер од знакот на Бик ќе ве доведе во искушение на моралните вредности, претерување во страстите, хедонизам без мерка, а кај некои и до постојани ловџиски приказни за љубовните успеси. Важно е јасно да ги разграничите резултатите и да постигнете рамнотежа со самоконтрола и со правилото на златна средина. Кога на 12 јуни Јупитер ќе излезе од вашата опозиција, вие сосема јасно ќе гледате, а кога на 6 октомври Сатурн ќе влезе во вашиот знак, соочувањето со вистината ќе ви биде секојдневие. Затоа во текот на оваа година и вашите лични односи ќе почнат да кристализираат, а вие ќе ги градите на посмел и позрел начин. Поволни денови за љубов се деновите помеѓу 15 јануари и 9 февруари, потоа од 8 август, до 07 септември, и конечно периодот помеѓу 23 ноември и 17 декември кога Венера ќе прошета по вашиот знак.
Работа: Во првиот дел од годината одлично ви се поставени сите работи поврзани со луѓето и контактите. За тоа постои само еден услов, а тоа е при секој договор да ја проверувате и неговата легалност. Ако нешто треба да се додаде во однос на законот, направете го тоа на време и нема да има проблеми. Летните месеци носат зголемена поддршка на другите и можност за спонзорирање на некои од вашите проекти. Од октомври влегувате во нов животен период и во работата. Станувате посериозни, а во секој проблем ќе гледате повеќе пречки од другите. Би можеле од мува да правите слон, па потрудете се да гледате позитивно. Фокусирајте се на она што е ваш дел од работата и настојувајте во тоа да бидете професионални.
Здравје и совет: Вашата телесна состојба ќе биде солидна, иако првиот дел од годината ќе донесе некоја нездрава навика. Тоа може да се манифестира како претерување со јадење и пиење, или пак чисто излежување и занемарување на здравите активности во корист на излежувањето. Не е исклучено дебелеењето. Летните месеци донесуваат нешто поздрави навики и потреба да ги избалансирате работите. Конечно ако тоа не успее, по 6 октомври, кога Сатурн ќе влезе во вашиот знак, тој ќе ве присили да поработите на својата дисциплина, па така и да ги ограничите своите навики. Ќе ви донесе малку повеќе грижи, па кога ќе имате помрачно расположение, побарајте весели луѓе. Хуморот е лек за секој транзит на Сатурн.
|