Шпанскo-италијански филмски романси кои ќе ви ја разнежнат душата
Yo, la Peor de Todas, 1990
Овој мексикански филм од 1995 година се наоѓа на списокот шпански романси кои задолжително треба да ги погледнете.
Дејството е сместено во Мексико во XVII век, а станува збор за забранета љубов помеѓу калуѓерка што живее во манастир и сопругата на локалниот вицекрал.
Калуѓерката пишува страсна поезија за својата дама, својата невозможна љубов.
Нејзините зборови ќе бидат и нејзина пропаст и ќе резултираат со нејзината постмртна слава.
Scusa ma ti chiamo amore, 2008
Прекрасен, италијански филм во режија на Федерико Мокија и во интерпретација на Раул Бова и Микела Кватрочиоче.
Станува збор за киноматска адаптација на истоимениот италијански роман. Подгответе се за љубов која не познава граници.
Malèna, 2000
Koга станува збор за неверојатната Моника Белучи, секој збор е излишен.
Дејството сместено во Сицилија ни овозможува да ја следиме приказната низ очите на 13-годишниот Ренато, а главната улога ја зазема Малена Скордија, воена вдовица која претставува синоним за опсесија на секој човек и завист на секоја жена.
Palmeras en la Nieve, 2015
По смртта на нејзиниот татко, една млада Шпанка наоѓа писмо.
Додека ги бара одговорите, тргнува на пат кој ќе ја врати назад во Африка, каде ги открива тајните на своето семејство.
Главната машка улога во филмот ја зазема единствениот Марио Касас.
Dieci inverni, 2009
Dieci inverni се базира на романот на Валерио Миели, кој исто така го режирал овој филм и освоил награда за најдобар, нов режисер.
Силвестро и Камила по случајна средба во Венеција се вљубуваат.
10-те зими се асоцијација за тие повторно да се сретнат и да се вратат во меѓусебна прегратка.
Мила М. | Црнобело