Eвровизиски времеплов: Македонските претставници од 1996 година, па сѐ до денес – кој е вашиот фаворит?!
Без разлика дали сме љубители на овој тип на музички натпревари, ќе признаеме дека Евровизија барем одреден дел од нашите животи беше асоцијација за добра забава.
Фото извор Тоше Проески / Фото извор XXL
Собирите за полуфиналната и финалната вечер со семејствата и пријателите беа задолжителни, како и неуморното докажување во врска со песните, односно која од нив ќе освои повисок пласман.
Имено, Македонија самостојно за првпат учествува на Евровизија во 1996-та година, а вкупно досега учествувала цели 20 пати.
За огромна жал, неколку од нашите досегашни претставници прерано нѐ напуштија. Нашите незаборавени Тоше, Влатко Илиевски и Есма продолжија да нѐ гледаат од ѕвезденото, музичко небо.
Највисок евровизиски пласман досега обележа Тамара Тодевска, во 2019-та година, односно таа го освои седмото место во целокупниот пласман, а првото место од гласовите на жирито.
Веднаш зад неа е Елена Ристеска, која во 2006-та година го освои дванаесетото место.
Во продолжение за вас ги издвојуваме сите наши евровизиски композиции, од 1996-та година, па сѐ до ден-денес: