Селена Гомез во смел фустан ги покажа облините на вечера со Бруклин Бекам, сопругот на најдобрата другарка
- Детали
- четврток, 28 септември 2023
Селена Гомез често добива критики за облините и за вишокот на килограми, но тоа не ја спречи да се појави во провокативно издание додека беше на вечера со Бруклин Бекам, сопругот на нејзината најдобра другарка.
Пејачката Селена Гомез (31) деновиве е заедно со нејзините најдобри другари Бруклин и Никола Пелц Бекам на модната недела во Париз, а сите фотоапарати на папараците беа вперени во неа, откако се појави во смел краток фустан на вечера со сопругот на нејзината пријателка.
Пејачката која во изминатиот период честопати е критикувана заради нејзините облини, уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за негативните коментари и во краток црн фустан со смело деколте успеа да го украде вниманието на фоторепортерите.
Интересно е и тоа што Селена вечерта беше излезена во еден од попознатите париски ресторани со сопругот на нејзината најдобра другарка Никола Пелц Бекам, Бруклин Пелц Бекам, кој пак носеше дуксер и сиви пантолони.
Неговата сопруга, Никола Пелц Бекам, пак, вечерта беше излезена со девојката на неговиот брат Ромео, Миа Реган.
Никола и Миа позираа и објавија повеќе фотографии од настанот на којшто присуствуваа голем број познати личности.
Претходно, Бруклин, Никола и Селена беа заедно на фудбалски меч каде го следеа натпреварот меѓу Paris Saint-Germain и Olympique de Marseille.