Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото)
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2024
Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која стигнала на камп на Монт Еверест кој се наоѓа на надморска височина од 5.364 метри. Тој стигнал до кампот со неговите родители со кои е на патување низ Азија.
Дете од Англија кое има само две години стана најмладата личност која стигнала до еден од повисоките кампови на Монт Еверест.
Малиот Картер Далас, во друштво на неговите родители, стигнал на кампот кој се наоѓа на 5.364 метри надморска височина на 25-ти октомври минатата година.
Се претпоставува дека претходно рекордот го држеше 4-годишно дете од Чешка кое се искачило до истиот камп.
Картер, мајка му Џејд (31) и татко му Рос цела година патувале низ Азија, пред да се искачат на највисоката планина во светот.
Картер голем дел од искачување го поминал на грбот на татко му и иако можеби имал помош, не треба да се занемари влијанието на големата надморска височина на човечкото тело кое некогаш може да биде и опасно.
Драстичната разлика во височина, во комбинација со ниските температури, може да предизвика таканаречена висинска болест која, пак, се карактеризира со низа негативни симптоми како главоболки, гадење, вртоглавица, намален апетит…
Но, сето ова не претставувало проблем за 2-годишниот Картер.
„Картер издржа подобро од мене и мајка му. Ние двајцата имавме висинска болест, но Картер се чувствуваше одлично.
Имаше двајца болничари во селата пред кампот и му ја проверија крвта. Резултатите на Картер беа подобри од нашите - лекарите беа изненадени!“, открива неговиот татко Рос.
„Купивме храна, јакни и вреќи за спиење за искачувањето. Околу 24 часа откако слетавме во Катманду, почнавме да се искачуваме“, додава тој.