Најголемата грешка што ја прави секој хороскопски знак во љубовните врски
Бик - Го доведувате партнерот во непријатна ситуација затоа што си собирате сè во себе, не зборувате за проблемите во врската и наеднаш пукате, а тој не знае како да се справи со таа експлозија.
Што правите во љубовните врски погрешно? Која е грешката што ја правите одново и одново, а ја иритира личноста што ви е партнер?
Најголемата грешка во љубовните врски на секој хороскопски знак:
Овен
Го земате здраво за готово партнерот – огнени сте, независни и доминантни, па заборавате да му кажете дека го цените и дека не можете да си го замислите животот без него.
Бик
Го доведувате партнерот во непријатна ситуација затоа што си собирате сè во себе, не зборувате за проблемите во врската и наеднаш пукате, а тој не знае како да се справи со таа експлозија.
Близнаци
Се откажувате од врската пред да е готово - штом заврши забавата, на првиот проблем и драма, вие си ги пакувате куферите.
Рак
Го губите својот идентитет во врските, премногу сте зависни од партнерот, си ги поместувате границите и тоа е истоштувачки и неатрактивно за партнерот.
Лав
Му се истурате на партнерот, па кога работите се добри, со вас животот е прекрасен, но на правиот проблем вие претворате сè во пекол, огнени сте кон партнерот и полни со обвинувања.
Девица
Се обидувате да го промените партнерот, да го поправите, да му помогнете, а тој не побарал такво нешто од вас – сакате да му влијаете на навиките, однесувањето, изгледот и што уште не.