Какво љубовно разочарување може да очекува секој хороскопски знак (и која лекција ќе ја научи)?

Рибите се познати по тоа што сакаат да им помогнат на луѓето околу нив, па така може да се случи да потрошат многу време обидувајќи се да ја спасат личноста која реално и не сака да биде спасена, туку сака животот да го помине во забава, пороци и излегувања.

kakvo-ljubovno-razocharuvanje-mozhe-da-ochekuva-sekoj-horoskopski-znak-i-koja-lekcija-kje-ja-nauchi-01.jpg

Секој човек барем еднаш во животот ќе доживее љубовно разочарување од кое ќе научи важна лекција. Во каква (погрешна) личност може да се вљубите и што ќе научите од тоа, според хороскопскиот знак?

Некои на потешкиот начин ќе научат дека треба многу повеќе внимание да му обрнуваат на карактерот, отколку на физичкиот изглед, а други ќе сфатат дека зад личностите што изгледаат совршено однадвор може да се крие некој што има голем број сомнежи и стравови.

Какво разочарување може да очекувате според хороскопскиот знак на поле љубов и која лекција ќе ја научите?

Овен

Најверојатно може да им се случи да се вљубат во луѓе што сакаат само секс, но не и врска. Ова за Овните може да биде мошне болно, затоа што тие се во принцип луѓе што сакаат сериозни врски.

Со оглед на тоа што Овните се хороскопски знак што сака предизвици, честопати им се случува да трчаат по партнерите што им нудат авантура и незаборавен секс, но не се подготвени за врска.

Додека тие партнери бараат начин како да избегаат, за Овенот ќе биде предизвик да ги освои и да докаже дека може да ги скроти, а кога нема да успее во тоа, следува разочарување.

Овните треба повеќе внимание да обрнат внимание на карактерот на луѓето, а помалку на физичкиот изглед.

Бик

На Биковите честопати им се случува да почнат врска со некој што постојано ќе им пишува пораки и со кого ќе контактираат на социјалните мрежи, а потоа одеднаш ќе го снема.

Најчесто тоа се луѓе кои од досада бараат некого на интернет за да си го пополнат времето, а Биковите лесно паѓаат на луѓе со кои поминале доста време и чувствуваат дека добро ги запознале.

Кога комуникацијата ќе престане, по долгото време што го поминале заедно, Биковите остануваат со скршено срце, затоа што веруваат дека дале сè од себе за да ја запознаат личноста со која разговарале.

Претставниците на овој знак треба да научат да прават разлика помеѓу вистинската поврзаност и навиката која се стекнува кога со некого подолго време комуницирате.

Близнаци

Близнаците се вљубуваат во луѓе што се самобендисани и недостижни.

На почетокот на Близнаците ќе им се допаѓа тоа што тие треба постојано да флертуваат, да заведуваат и да чекаат реакција од личноста што им се допаѓа, но може сериозно да се разочараат кога нема да го постигнат очекуваното.

Близнаците треба да сфатат дека штом некој уште од самиот почеток не покажува интерес за нив, тогаш најверојатно не е ниту заинтересиран.

Рак

Раковите сакаат до себеси да имаат личност што изгледа убаво, има добра работа, заработува добро и е угледна личност.

Најчесто кон таквите луѓе ги води потребата за стабилност и тоа што сакаат да бидат со личност што нема никакви проблеми.

Барем еднаш во животот на Раковите може да им се случи да завршат со личност што на изглед е совршена, но има голем број емотивни проблеми и се бори со голем број сомнежи за кои никој не знае, а токму тие ја прават недостижна.

Раковите секогаш на потежок начин учат дека „никој не е совршен“.

Лав

Ги привлекуваат личности што се во центарот на вниманието и кога тие ќе им покажат дека се заинтересирани за нив, Лавовите се на „седмо небо“, затоа што чувствуваат дека ако имаат таков партнер покрај себеси и тие ќе ја добијат „славата“ што ја заслужуваат.

Честопати им се случува толку многу да бидат понесени од возбудата дека некоја популарна личност им обрнала внимание, што воопшто и не забележуваат дека не се единствени во нејзиниот живот.

На Лавовите им е потребно да сфатат дека не мораат да имаат популарна личност до себеси за да го добијат вниманието што го заслужуваат.

Девица

Сакаат да се покажат како модерни и современи личности, па ако некој од нив побара само да го поминуваат времето заедно, а да не ја именуваат врската, Девицата веднаш ќе прифати, а во себеси ќе верува дека на тој начин ќе успее да ја освои личноста што ѝ се допаѓа.

Заради ова може да им се случи да „заглават' во моногамна врска со некој што долго време ќе ги влече за нос, но нема да сака да го дефинира нивниот однос, ниту пак јавно да признае дека се заедно.

Разочарувањето доаѓа подоцна, кога еден ден таа личност ќе им каже: „Па никогаш не кажавме дека сме во врска, само го поминувавме времето заедно“.

Девицата треба да научи дека не треба да го троши времето на некој што постојано ги држи во неизвесност.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg