|
Доколку некогаш ви дојде идеа да правите home cocktail party за вашите најблиски пријатели, еве неколку идеи за коктели. Викендот е добро...
...време за коктел - журка! Започнавме со најпознатите коктели правени со виски:
1. Класично Виски
Состојки:
- 40 мл сируп - 20 мл вода - 8 капачиња Bitter (алкохол на база на тревки, кој најчесто се користи како додаток за правење коктели, има горчливо- кисел вкус) - 950 мл коцки мраз - 180 мл бурбон виски - 4 парчиња портокал - 4 кандирани цреши
Начин на подготовка Најпрво ставете го сирупот, водата и bitter-от во чаша за виски. Промешајте за да добро се искомбинираат вкусовите потоа ставете ги коцките мраз. Врз мразот ставете виски, и на крај додајте ги портокалот и црешата.
2. Сазерак (најстариот коктел кој постои)
Состојки: 
- 5 мл ликер со вкус на анасон - 8 гр бел шеќер - 20 мл вода - 8 капачиња Peychaud bitters - коцки мраз - 235 мл бурбон виски - 55 гр сок од лимон
Начин на подготовка Пред да се подготви коктелот ставете ги чашите во фрижидер. Ставете го ликерот од анасон во чашата, на тој начин што ќе ги намокрите ѕидовите од чашата. Додајте ја водата, шеќерот и bitter-от во чашата, и мешајте. Додајте ги коцките мраз, ставете го вискито и на крај сокот од лимон.
3. Минт Јулеп
Состојки: - 235 мл вода - 200 гр бел шеќер - 6 гр грубо исецкани листови од нане - 465 мл Kentucky бурбон - 4 свежи ливчиња од нане за толчење
Начин на подготовка Во еден мал сад комбинирајте ги водата, шеќерот и исецканите ливчиња од нане. Ставете ја смесата да се свари, се додека не се стопи шеќерот. Оставете ја смесата да се олади 1 саат , а потоа поминете ја сметата низ цедалка да се отстранат листовите од нане. Потоа додадете ги останатите состојки.
4. Шеги Менхетен 
Состојки:
- 60мл сладок Вермонт - 175 мл бурбон виски - 4 капачиња bitter - 4 кандирани цреши
Начин на подготовка Наполнете го шејкерот со мраз. Ставете ги вискито , врмоноунтот и bitter-от, мешајте околу пола минута. Ставете ја смесата во чаши и додадете ги црешките.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Само за искусни пијачи...Ако се собирате често со друштвото и сакате да играте разни игри поврзани со предизвици, кладби, алкохол, издржливост – ова е еден предлог...
... Креирана нова игра "Monopoly"..."Monopoly: Revolution Edition" или револуционерното издание на оваа популарна друштвена ќе ги изненади нејзините фанови. На 75-тиот роденден...
... Друштвени игри на пиење I дел...Игрите на пиење не се измислeни само за откачени студенти, со помош на овие игри живнува мртвата забава, полесно си запознаваш нови другарчиња, а...
 |
D