Типична македонска свадба

Бидејќи деновиве само за свадби се разговара, решивме да објавиме наше видување на оваа тема и обичаите и адетите на нашиве свадби.

tipicna-makedonska-svadba-001.jpg

За жал кај нас сè уште не се искоренети сите адети што се останати уште од времето на турско ропство и тешко дека во скоро време ќе се искоренат...

Иако, за среќа почнаа да се освестуваат повеќето млади, се надеваме дека веќе нема да постојат вакви хорор свадби.

Текстот намерно е напишан со сленг, со цел поживописно да ги доловиме дешавките :-)

Еве како изгледа една типична македонска свадба прикажана низ 24 часа:

06:35 Невестата стануе узбуџена од спиење мајка и и трпа дијазепамче у уста да се смири, комшиките ѕвонат на врата дојдени за да спремаат руска и кифлички уз мајката на невестата.

07:00 Невестата оди на фризерај (у фЛизерница), нормално по могучност кај најскапиот фризер и обавезно паѓа некоја фризура од типот на банана, сарма или новогодишна елка.

08:30 Невестата се враќа од фризерај, долази дома и со комшиките ги вежба уше еднаш сите ора и како да каже у црква - ДА, ГО ЗИМАМ, а притоа на попот да не му паднат перверзни мисли на памет :-)

09:00 Младоженецот стануе од спиење и обавезно со кумот дрмаат по едно ракииче, а ако е некој мутав седи и дреме, док кумот пие ракија.

10:00 Невестата се заклучува у соба (по могучност спавацча, или дечја соба нали) и ко трнорушка чека да дојде зетот да ја спаси од аждаите (читај у превод: братучеди, браќа, комшии, комшики, тетки) што стојат на врата и бараат пари од зетот и неговата тајфа ако сакаат да ја земат невестата и да си ја носат при себе :-)

11:00 Кај младожењата почињаат да стигаат гостите (буквално цела родбина до 6 колено сосе пријателите што ги упознале мајка му и татко му пред 20 години на одмор у врњачка бања и од тогаш не се виделе).

Почиња да се вие коло, да се певаат песни од типот на 4 месеци свадба се спрема, обавезно има некоја тетка од страна на мајка му на младожењата со бркови и недепилирана мишка која е најжива од сите, лупа на дајре ко разулавена и вика ју ју ју, са са! У меѓувреме кај невестава се дешава истото, једина разлика е што невестава запаѓа у трансои у соба закључена док чека у неизвесност (леле абе ќе дое ли овој да ме земе или не).

13:30 Од кај младожењата се трга по невеста... сите коли се украсени со пешкири, цвече, а кај патриотите и знамиња со лавови, сонца и Александар Македонски.

Обавезно пред куќа док не тргнат по невестава, се собира цело маало (читај: све од женски род и ќоро и сакато од 5 до 95 години, облечено у тренерка и летна влечка, најчесто марка - Лајнарки Чик Куманово, придружена
со вунена чорапа, нормално за да пукнат сеир, да видат кој шо носи, кој со кого ке иде у кола и тако даље и тако ближе). По пат обавезно се свири со аутата ко на утакмица Шкендија-Вардар (едино нема само извици од типот на уа судија).

13:45 Стигаат сватовите кај невестичето... и таму пред куќа е собрано цело маало и се дешава истото како и кај младожењата, само овдека комшиките имаат од Бога поклон да ги видат гостите и од невестинска и од младоженска страна. Се вие коло и се влага дома кај невестулево, а обавезно пред улазак едно моме им кити гранчиња од елка, бор, јавор и рузмарин на сватовите директива на сакич и на кошуља.

14:00 Младожењата заедно уз неговите пајташи трга накај собчето кај што е закључена невестата и пола саат се расправа со аждаите што ја чуваат (ДАЈТЕ МИ ЈА, НЕ МОЖЕ, ДАЈ ПАРИ, НА ПАРИ, Е НЕ ТОЛКУ ДАЈ УШТЕ, АЈ ОВИЕ ДОСТА СЕ, АЈДЕ ДОБРО ВЛАГАЈ...) и од коа ќе влезат деверот и облака ципела на невестата.

Од коа ќе бидне драмава се влегува у дневна кај што е поставена храната, па таму свекорот и свекрвата и сватот и сваќата кршат леб и у меѓувреме со залак леб док го џвакаат меѓу зуби се бацуваат у уста (и маж со маж) по 3 пати и така се посватуваат. Пак се вијат кола и више време е да се трга у матично.

16:00 У матично се потпишува завет (смртна казна) дека се зимаат младиве, а тука потпишува кумот и старосватицата, као еве демек им даваме на младиве суппорт да се земат. Од коа ќе се деси свечениот чин... обавезно сите 656 гости се љубат по три пути у образ со младожењата, невестата и сведоците, а најупорните баби директива У УСТА ШЛАПААТ и тоа онака сочно од дно душе и срца, али може да се начука и некој пијан сват кој ке и се џитне на старосватицата.

Обавезително една буцка дели по луѓе грижоте бонбони, или краш бајадери и од време на време си подлапнуе од истите.

На искачање од матично се праи групна фотка као у ДИНАСТИЈА и ти дотрчаваат 4-5 ромчиња што кунат - дај пари жити швалерката... и тука настануе фрка со суеверни жени, одма мислат дека Ромите се видовити па се караат со мужите околу нивниот швалерај.

17:00 Се иде у црква. Се редат сите низ црква, кој до Богоројца, кој до Исус, а младожењата, кумот, невестата и старосватот насреде заедно со поповите.

Тука почињаат да певаат попоиве небаре се на Макфест (све исти шлагери се пеат по свадби - И ТОГАШ ГОСПОД РЕЧЕ, ЗЕМИ ЈА ОВАА ЖЕНИЧКА ДА ТЕ ПРИЧЕСТВУВА И ТОЈ МУ РЕЧЕ ДА, ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ТАКА БИДНА РАЈ АМИИН).

Па се дегустира црвено вино уз леб, па се праат фори (демек попоиве шалајџии) и коа се мењаат круните од глава на глава, увек настануе драмотија прибидејќи невестата и старосватицата не може да си дојдат при себе пошо попот им ја уништил фризурката док им стаал круна на глава. Се фрлаат бомбончичи и ситни пари низ црква док невестата и младожењата три пати кружат околу попоите, верујте у тие моменти најбоље е да се склоните у ќош ако нејќете да се осечате као кога го бомбардираа Перл Харбор.

18:00 На паркинг пред црква 2-3 жени им ги поправаат фризурите на невестата и старосватицата док овие уште бесно го пцујат попот.

19:00 Прием у ресторанТ. Пак честитки и три пати цмокси цмокси цмок, примопредаја на поклони, поздрављање со далечна родбина.

20:00 Играње кола (сите познати и непознати ора од Вардар, па до Триглав за да се запази вкусот на сите гости), пијани женички што цупкаат у место за да не се испотат, пијани женички што најватрено играат узичко коло и 6 напред 3 назад, док цицурајките (шо би рекла баба ни), им рипаат до небо, пишуење музички жељи на салфетка,
фрлање бидермаер (групна тепацка), па љубоморни жени на таа шо го фатила букетот и изјави од типот на - НЕКА МИ ГО ДАЕ МЕНЕ И ОНАКА НЕЈЗЕ НИКОЈ НЕМА ДА ЈА ЗЕМЕ, сечење торта, играње Бечки валцер и пијанчење сè док може да се остане у ресторанот

02:00 Свадба је завршила. Сите среќни, весели си одат по дома, освен најпијаните кои продужаваат кај младенциве дома да се дотрескаат.

04:00 Фајронт... али двајцава млади шо се земаа, од прва брачна ноќ ќе видат... ОД ТРИТЕ ПОДУГАЧКОТО ЌЕ ВИДАТ. ПРАВАЦ УТЕПАНИ У КРЕВЕТ, ЌЕ САЊААТ КРУНИ, ПОПОИ, КОМШИКИ, ХАРМОНИКА, ФРИЗЕР И ТАКО ДАЉЕ!!!

Чича Мича готова је прича :-)

Tина Мицковска

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg