Филмски викенд: Комедии

filmski-vikend-komedii-povekjeМене некако престана да ми е интересен снегот, премногу е ладно и тмурно. Затоа решив за овој филмски викенд да ви спремам три комедии...


...кои ќе ве насмеат до солзи и ќе ви го тргнат паметот од студот.

Соберете се во друштво или со партнерот, испукајте пуканки и завземете ја вашата омилена хоризонтална положба.

Време е да се релаксирате, да го исклучите мозокот и да се смеете.

Уживајте во овој филмски викенд!!


Tower Heist (2011)

filmski-vikend-komedii-1

И таман коа ќе си помислите дека филмовите со Бен Стилер се сите исти, го имаме Tower Heist кој ќе ве изненади во секоја смисла. 

Се случува во ултра модерната  Tower зграда, од каде и насловот на филмот, каде животите на вработените и резидентите се испреплетуваат на многу бизарен начин.

Имено, менаџерот на зградата, ги инвестира парите од пензискиот фонд на своите вработени со еден банкар што живее на врвот на зградата кој му ветил дека ќе му ги врати со профит.

Но, банкар како банкар, ги украл парите од сите клиенти, и сега ФБИ го гонат за проневера.

Тоа што следи понатака е нешто како планирањето на грабеж како во Ocean's 11, но наместо професионални крадци, имаме вратари и собарки.

Дали ќе успеат да си ги вратат парите без да ги фатат?

Оваа крими комедија дефинитивно ќе ве натера да навивате за тие што крадат!

Режија: Brett Ratner
Глума:  Ben Stiller (менаџерот), Casey Affleck(рецепционерот), Eddie Murphy


30:Minutes or Less (2011)

filmski-vikend-komedii-2

Ник е најчесто надуван, без амбиции и работи како доставувач на пица (пицеријата во која работи ветува дека ќе ја достави пицата до вашиот дом за 30 или помалце минути). 

Тој ќе падне жртва во планот на двајца недоразвиени криминалци. Сакаат да го убијат таткото на едниот за да дојдат до парите што таткото ги добил на лото.

Со таа цел најмуваат платен убица, но немаат пари како да го платат, па решаваат да ограбат банка.

Но, за да не бидат фатени решаваат да натераат некој да ограби банка место нив. И тука некаде во планот улетува Ник.

Кога тој му доставува пица му врзуваат бомба на телото и му даваат рок во кој треба да ја ограби банката или ќе експлодира.

Знам вака планот изгледа идиотски, и прилично се помачив дури да го напишам.

И верувајте дека ништо не разкажав од филмот, приказната натака се расплеткува уште поневеројатно и посмешно.

На некои можда ќе им биде глупав хуморот, затоа препорачувам да го гледате филмот со отворен ум ;)

Режија: Ruben Fleischer
Глума: Jesse Eisenberg (Ник) , Danny McBride и Nick Swardson (двајцата морони криминалци)


What's Your Number? (2011)

Комедија за девојки, ама мислам дека и машките ќе уживаат. Приказната се врти околу Али, млада и згодна, но секогаш си фаќала лоши дечкови.

После една случајна средба со еден бивш (кој од лузер станал фраер) и еден факт од весник дека жените што имале над 20 сексуални партнери тешко наоѓаат сопруг, добива генијална идеја.

Како не би ја надминала бројката 20, таа ќе ги лоцира бившите дечковци да провери дали некој од нив е нејзината вистинска љубов.

Навистина интересна,смешна и глупава е оваа нејзина потрага, но ќе ве остави насмеани и среќни.

Крајот е 'големо' изненадување, но сепак за роматична комедија имаше релативно малку лигави моменти.

Девојки гледајте го филмот затоа што Крис Еванс е полугол низ пола филм, ќе уживате!

Режија: Mark Mylod
Глума: Anna Faris (Али), Chris Evans (комшијата)

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат актерите од хит-серијалот „High School Musical“ 20 години подоцна? (фото) Се сеќавате ли на тинејџерскиот хит филмски серијал „High School Musical“ со Зак...
Бев на снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски - Како си поминав зад сцената? „Дојди да видиш каде снимаме, како изгледа сетот во живо. Па ќе одиме после во р...
Синот на Тамара Тодевска дебитира на филмското платно: Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јов... Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен насл...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10 филмови кои ќе ви помогнат да се помирите со крајот на летото The Kings of Summer со кој ќе ги почувствувате последните денови од летото или, ...
Силјан на Котевска се закити со најпрестижните IDA награди во Лос Анџелес   Документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска триумфираше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg