Филмски викенд: Политички филмови

filmski-vikend-politicki-filmovi-povekjeЗа да одмориме малку од романтичните комедии или лесните филмови, за овој викенд ви подготвивме филмови што обработуваат политичка тематика.


Малку се тешки да гледање, за некој можеби досадни, но мене сите тие теории на заговор, политички игри, надмудрувања и умствени претркувања ми се многу интересни.

За да не бидат сите исти можете да одберете одлична оскаровска драма, или одлично визуелно сработена трилер/акција или биографски филм за женските права.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Ides of March (2011)

filmski-vikend-politicki-filmovi-1

Одлична политичка драма што ја препорачувам на секој. Стивен е консултант и е дел од придружбата на политичката тура на америчкиот претседателски кандидат Морис. 

На почеток од филмот го гледаме Стивен како му се восхитува на Морис, како ги подржува неговите политички ставови, како практично го идеализира.

Ќе се запознае со една од практикантките, но ќе и даде до знаење дека политиката е секогаш на прво место. Но набрзо неговите ставови кон Морис и воопшто кон политичките игри ќе се променат.

Сите во тој бизнис работат за себе и сакаат да ја отстранат конкуренцијата, а добра информација е моќ во тој свет.

Дали ќе успее да ги изигра добро адутите што ги има и да остане во играта? Дали воопшто вреди да се остане во играта ако престанеш да веруваш во кандидатот што го преставуваш?

А како бонус за девојките што го читаат ова, Џорџ Клуни го глуми претседателскиот кандидат, а Рајан Гослинг е политичкиот консултант. И да девојки, Рајан Гослинг знае да глуми одлично и кога е скроз облечен.


The Ghost Writer (2010)

filmski-vikend-politicki-filmovi-2

Писател во сенка е концепт често применуван од многу познати историски личности кои имаат што да стават во своите мемоари, но незнаат како тоа да го изведат.

Овој филм ја обработува оваа тема. На еден талентиран, но заборавен писател му се нуди шанса (а и доста кеш) да ги дозаврши мемоарите на поранешниот британски премиер.

Книгата е скоро напишана, но предходниот писател во сенка починал пред да ја доврши.

Како ја прегледува книгата, така се запознава со почетоците на политичката кариера на поранешниот премиер и забележува дека некои податоци не држат вода.

Почнува да се распрашува и за смрта на неговиот предходник, и сфаќа дека тој умрел под неразјаснети околности. Почнува да го фаќа параноја и да развива различни теории на заговор.

Доста интересен политички трилер, помалку бавен, бидејки му треба долго време да стаса до интересните сцени, но ќе го задржи вашето внимание до самиот крај.


Made in Dagenham (2010)
filmski-vikend-politicki-filmovi-3

Филм за понежниот пол, или ако се договориме нема веќе да го викаме така. Филмот е базиран на вистински настани што се случиле во фабриката за автомобили Форд.

Жените кои работеле во фабриката имале плата многу помала од мажите поради едноставната причина дека не се од машки пол. Жените решаваат да се здружат и да си ги побараат своите права.

Рита го предводи штрајкот и тие бараат да имаат исти работни услови како и мажите. Можеби звучи како уште еден досаден филм за женските права, но е прекрасно изработен.

Не е чисто прикажан историскиот аспект, а и се провлекува по некоја суптилна шала.

Овој момент од историјата е многу важен, бидејки штрајкот започнал многу промени и после само 2 години бил донесен закон за подеднаква плата.

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...

Најчитани неделава