8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи

„Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ги кажуваме со најдобра намера, без да размислиме дека во некои ситуации можат да бидат многу навредливи.

8-frazi-shto-gi-kazhuvame-so-najdobra-namera-no-se-vsushnost-navredlivi-01.jpg

Освен ако не станува збор за навистина блиска личност, навистина не треба да се мешаме во туѓите животи и да поставуваме премногу лични прашања.

Дури и кога имаме најдобра намера, некои прашања и фрази можат да бидат навредливи.

Кои фрази и прашања е најдобро да ги избегнувате?

„Изгледаш уморно. Добар/а ли си?“

Со ова прашање веројатно мислите дека покажувате дека се грижите.

Но, соговорникот го слуша како критика за неговиот изглед.

Наместо да коментирате дека некој изгледа уморно, подобро само прашајте го како е.

8-frazi-shto-gi-kazhuvame-so-najdobra-namera-no-se-vsushnost-navredlivi-02.jpg

„Опушти се, нема за што да се грижиш“

Ова е фраза што скоро сите ја користиме кога сакаме да утешиме блиска личност која се соочува со проблем.

Но, иако намерата ви е најдобра, со ова вие всушност го банализирате проблемот.

Подобро кажете дека сте овде за саканата личност и дека може да го сподели проблемот со вас.

8-frazi-shto-gi-kazhuvame-so-najdobra-namera-no-se-vsushnost-navredlivi-03.jpg

„Одлично изгледаш! Да не ослабе?“

Иако личи на комплимент, со ова вие кажувате дека претходно личноста била дебела.

Истовремено, кажувате дека кога имала некој килограм вишок, не изгледала добро.

Кога давате комплименти за изгледот, држете се само до комплиментот, без претпоставки дали станува збор за слабеење или слично.

8-frazi-shto-gi-kazhuvame-so-najdobra-namera-no-se-vsushnost-navredlivi-04.jpg

„Долго време сте заедно. Кога ќе се венчате?“

Со ова веројатно само сакате да кажете дека некој пар ви се допаѓа и верувате дека би биле среќни во брак.

Но, прашањето може да биде многу навредливо – не секој сака да стапи во брак, а и парот сигурно си има свои причини зошто уште не се венчале.

Доволно е само да кажете дека се убав пар и дека сте среќни за нив.

8-frazi-shto-gi-kazhuvame-so-najdobra-namera-no-se-vsushnost-navredlivi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg