Пријателството кое му го спаси животот на агресивниот германски овчар

Германскиот овчар Рекс е кутре од прифатилиште кој заради својата агресивност бил на работ на еутаназијата. Одбивал да се храни, а често пати и напаѓал случајни минувачи. Меѓутоа, едно пријателство засекогаш го промени неговиот живот.

prijatelstvoto-koe-mu-go-spasi-zivotot-na-agresivniot-germanski-ovcar-01

За хранење на Рекс секогаш биле потребни двајца – една личност која ќе му го одвлекува вниманието, додека другата му ја подава храната во куќарката.

Бил агресивен и опасен, заради што сопствениците на прифатилиштето размислувале за еутаназија.

Тогаш, сосема неочекувано, Рекс ја запознал Џералдина, гуската која го промени и спаси неговиот живот.

prijatelstvoto-koe-mu-go-spasi-zivotot-na-agresivniot-germanski-ovcar-02

На почетокот сите биле исплашени да не ја нападне. Луѓето биле скептични и убедени дека Рекс нема да се спријатели со ниту едно животно, а најмалку со Џералдина.

Сега, спротивно од сите верувања, Рекс и Џералдина се неразделни. Таа спие во неговата куќичка, па дури и јаде од неговата храна.

- Забавно е да ги гледате по цел ден. Таа трчка околу него, но и тој не оди никаде сам. Инаку постојано ги бркаше сите животни околу себе, ова пријателство е нешто поразлично, - раскажуваат од прифатилиштето.

prijatelstvoto-koe-mu-go-spasi-zivotot-na-agresivniot-germanski-ovcar-03

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg