Логичка загатка: кое копче за која сијалица?

Ајде малку да го вклучиме мозокот и логиката.

logicka-zagatka-koe-kopce-za-koja-sijalica

Стоите пред затворена врата. Од другата страна на вратата има соба во која има 3 сијалици. Собата е комплетно заѕидана од надвор. Нема прозорци и не можете никако да влезете во неа освен преку вратата. Надвор на ѕидот има 3 прекидачи за светилки кои контролираат по една од трите сијалици во собата.

Вашата задача е да процените на кое копче се пали секоја од сијалиците внатре.

Имајте на ум:

Дозволено ви е да влезете во собата само еднаш.

Штом излезете, мора да дадете 100% точен одговор, кое копче е наменето за секоја од трите сијалици.

Точниот одговор е на втората страна...



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Математичка загатка што ќе ве измачи - Кој е точниот резултат? Дали со само еден поглед на трите равенства ќе сфатите како треба да ја решите о...

Најчитани неделава