Најстарата оптичка илузија: Што гледате? Старица или девојка?

На истата слика подолу е нацртана девојка и старица, но на прв поглед луѓето не ги воочуваат и двете. Во зависност од тоа која од нив прво ќе ја погледнете, постојат различни толкувања за вашата личност.

opticka-iluzija-sto-gledate-starica-ili-devojka-01

Два можни одговори:

1. Девојка

Девојката на цртежот е свртена со лицето гледајќи во далечината, а од профилот и се гледаат носот и трепките. Од шеширот и излегува бел вел, а облечена е во раскошна бунда. Деколтето и е дискретно откриено, а околу вратот има ѓердан.

Значење:

Ако на сликата прво ја здогледавте девојката, вие сте ведра личност по природа, со детски дух и верно го следите позитивниот поглед кон светот.

2. Старица

Старицата е свртена кон вас со профил. Она што е уво на девојката е око на старицата, линијата на нејзините образи и вилицата се носот на старицата, а ѓерданот е претворен во усни. Велот на шеширот кај старицата повеќе наликува на марама заврзана околу главата.

Значење:

Ако на прв поглед ја видовте старицата или вештерката, како што некои ја објаснуваат, по природа вие сте песимистични и внимателни во секој поглед. Склони сте кон скептицизам и имате стар дух, без оглед на тоа колку години имате.

Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Со која девојка е мажот во врска? Ако имате изострен вид, точниот одговор ќе го дадете за само неколку секунди. ...
Што не е во ред со одморот на овој заљубен пар? Пар во бикини, ужива на одмор покрај базен, но иако личат среќно, нешто не е во ...
Трик прашање: Мајка си го кара детето - што не е во ред? На илустрацијата е прикажанa мајка која си го кара детето во неговата детска соб...
Логичка загатка: Кој лаже? Ивана ја боли стомакот, Оливера има скршена нога, а на Мартин му е скршена ракат...
Визуелен тест: Дали ќе ја пронајдете грешката? Пред вас е обична илустрација - дете си го бојосува цртежот и се забавува. Но се...
Пронајдете ја грешката за помалку од 10 секунди Ако сте од оние луѓе кои имаат изострен вид, лесно ќе забележите што не е во ред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg