„Сакам да ме викате 'тато'“ - Кајли ја шминка Кејтлин Џенер додека зборуваат за нејзината трансформација



На својот YouTube канал, Кејтлин Џенер сподели видео направено во соработка со Кајли. Во видеото, Кајли го шминка нејзиниот татко, а и таа и Кејтлин споделуваат дека првпат го прават ова. Пред да почнат со шминкањето, Кејтлин споделува дека Кајли отсекогаш била вљубена во шминки и продукти за убавина. Потоа тие зборуваат за трансформацијата на Кејтлин, а таа изјавува дека Кајли ѝ била најголемата поддршка. Во видеото тие се потсетуваат и на слатки моменти од детството на Кајли, а си даваат и по неколку интересни совети.

The HWD Facebook commenting plugin is not published