Рок бендот Реприза од Ресен со нова песна и музички спот - слушнете ја „Шарен свет“



Рок бендот од Ресен „Реприза“ ја објави третата песна, заедно со музички спот. Текстот и музиката на новото музичко парче, насловено „Шарен свет“, се дело на членовите на бендот. Од бендот велат дека музиката е шаренило за нив и го пополнува секој празен момент, а го обојува секој нов - „Да го обоиме овој шарен свет. Да го распрснеме во секоја можна нијанса од спектарот на бои. Обојте го секој миг кој ви изгледа тажен“. Уживајте.

The HWD Facebook commenting plugin is not published