Вработените на Бијонсе можат да носат само памучна облека - најбизарните барања на познатите личности



Некои познати личности навистина си даваат преголемо значење, па ги имаат најлудите барања од нивните вработени. Кога Ким Кардашијан била бремена, нејзината лична асистентка морала постојано да оди по неа со стол, во случај Ким да сака да си седне. Бијонсе, пак, им наредува на стилистите, шминкерите и сите кои ја подготвуваат за настап да носат само памучна облека. Бијонсе има и низа други луди барања – водата што ѝ ја послужуваат мора да биде со температура од 21 степен, а пред да пристигне во соблекувалната, ѕидовите мораат да бидат офарбани бели. Кои се другите луди барања на славните?

The HWD Facebook commenting plugin is not published