Синот на Андреа Бочели ја објави својата прва песна - „Solo“



Синот на познатиот оперски пејач Андреа Бочели – Матео – ја објави својата прва песна насловена „Solo“. 23-годишното момче е и еден од авторите на песната, која ќе биде дел од неговиот прв албум. За песната е снимен и видеоспот, и тоа на италијанскиот планински венец Доломити. Ова е првиот официјален соло сингл на Матео кој претходно сними дует со татко му, насловен „Fall On Me“.

The HWD Facebook commenting plugin is not published