Авто-мото
Пристигна новиот теренец Audi Q3

pristigna-noviot-terenec-audi-q3-povekjeКомпактниот теренец Audi Q3 пристигна во салоните на Porsche Македонија. Неговата промоција за македонскиот пазар се случи на 24 ноември во...


...салонот на Audi во Скопје. Присутните имаа можност и одблизу да се запознаат со новиот модел кој ги плени со својот агресивен и динамичен изглед.

Со новиот модел Audi влегува во еден нов сегмент, создавајќи премиум SUV кој е значително покомпактен од поголемите браќа Q5 и Q7. Препознатлив е по впечатливиот дизајн и робусниот, а сепак елегантен настап. Тој е компактен однадвор, но изненадувачки простран и комфорен одвнатре. Audi Q3 претставува спортско и ефикасно трендсетерско возило, кое ги користи најсовремените системи за помош, информирање и забава на возачот.

pristigna-noviot-terenec-audi-q3-1

Ние во Porsche Македонија веруваме дека среќните и задоволни клиенти се единствената гаранција за успех. Поради тоа, во рекорден период и веднаш по стартот на продажбата во Европа, Porsche Македонија го донесе новото Audi Q3. Ве поканувам да го погледнете нашиот најмлад Audi, и да се уверите во неверојатните способности на Audi Q3.” изјави г-нот Златко Муцунски, генералниот директор на Porsche Македонија

Во Q3 има многу решенија преземени од највисоките класи на возила: Bose surround систем со 14 звучници и MMI плус систем за навигација. Може да се користи 3G за пренос на податоци како и WLAN. Достапен е во 12 различни бои на каросеријата и во пет различни нивоа на опрема. S-line, пакетот на опрема е дизајниран за сите оние кои сакаат понагласени спортски карактеристики на возилото.

pristigna-noviot-terenec-audi-q3-2

Доколку сакате подетално да се запознаете со автомобилот или сакате да закажете тест возење повелете во салонот на Audi во Скопје.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
На релито во  Дакар ќе се вози АмарокНа релито во Дакар ќе се вози Амарок...
По трет пат, Volkswagen Комерцијални возила се официјални возила за поддршка на релито Дакар  и тоа со 30 возила Амарок, 8 Multivan PanAmericana....
Секој маж би позавиделСекој маж би позавидел...
Дали мислите дека машко може да биде љубоморно на некој од светските модни креатори? Хм. Тод Еберле е фотографот кој доби пристап да ги сними... ...
Фолксваген Поло ГТИФолксваген Поло ГТИ...
Поло конечно го покажа своето набилдано лице. Моделот Поло ГТИ службената премиера ќе ја има на саемот за автомобили во Женева. Овој убавец... ...
Коментари (2)Add Comment
...
напишано од ulala, 25 November 2011
uh Klasa!
...
напишано од taburetka, 25 November 2011
aaaaa ubo ubo e smilies/wink.gif

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Верувам дека сме самите одговорни за изборите кои ги правиме и треба да ги прифатиме последиците од секоја постапка, збор и мисла во текот на нашиот живот. "
Елизабет Кублер Рос (1926- )