Авто-мото
Лоши навики - лош изглед

Колку и да се трудите а сакате да се пофалите со совршена рутина на дневна нега, ако веќе не можете да бидете совршени тогаш потрудете се да направите...

 

... се што можете за да изгледате добро.

Шминка во теретана
Се брзате од работа на тренинг во теретана со што немате време да ја отстранете шминката, и вие вежбате со шминка на вашето лице. Треба да знаете дека шминката ги блокира порите и спречува потта нормално да излегува од вашетоlosi-naviki-los-izgled1 тело, со што тоа е причина и за добивање на акни на вашата кожа.

Тоа треба да значи дека задолжително треба да ја отстранете вашата шминка пред да почнете да вежбате а најлесен начин е преку влажни марамици.

Фенирање
Последиците од секојдневното фенирање можеби и нема да ги приметите веднаш, но треба да знаете дека секое изложување на вашата коса со топлина таа се суши и пука. Со текот на времето ќе биде очигледно како таа е ослабена посебно на врвовите и дека на нејзе и недостига сјај.

И телото бара крема
Во секојдневното брзање секако многу често голем дел од луѓето немаат време да нанесат на своето тело крема што во иднина допринесува за сушење на кожата. Многу е важно после туширање да нанесете крема на вашето тело.

Конец за заби
Сите знаат дека темелното чистење на забите треба да трае подолго и треба да се исчисти дополнително со конец за заби. Некои истражувања покажале дека не-темелното чистење на забите допринесува развој на бактериите во вашата уста и заболување на непцата и забите.

Треба да знаете дека покрај четката за заби треба да имате навика да користите и конец за заби за темелно чистење на вашите заби.

Грицкање на нокти
Изгризаните нокти не само што изгледаат лошо туку и даваат лоша слика за вас. Треба да знаете да применувате професионален маникир доколку имате ваква мана на грицкање на нокти.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Мириса на успехМириса на успех...
Дизајнерската двојка Доменико Долче и Стефано Габана на есен ќе го претстават својот нов парфем - Anthology. Oна што е интересно е фактот дека......
Гаќи за подигната задницаГаќи за подигната задница...
Новната на светскиот пазар се женските гаќички Booty Pop во кои задницата изгледа округла и цврста. Произведувачите на овој изум биле инспирирани...
5 најжешки танга гаќички 5 најжешки танга гаќички ...
Тангите, иако нехигиенски за употреба, девојките тешко може да им одолеат, а мажите уште потешко. За специјални секси пригоди се одлично решение....
Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Никогаш не било постигнато ништо големо без ентузијазам. "
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)