„Бев на одмор во Тунис, од Скопје летот е 2.5 часа – зошто оваа дестинација топло ја препорачувам?“

„Јавав камила на зајдисонце во пустината Сахара и возев квад, ѝ давав млеко на бебе камила, галев пустинска лисица, посетив берберско село, воздишки ми измами сино-белиот рај Сиди Боу Саид (буквално туниско Санторини), пливав во претоплата вода на Средоземното Море и му се воодушевував на песокот ситен како брашно, ја почувствував вибрацијата на главниот град и сведочев на маестралноста на некогашната Картагина... Тунис како летна дестинација? Дефинитивно да!“

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-001.jpg

Минатата година за првпат стапнав на афричкиот континет. Египет дефинитивно ми ги исполни очекувањата, а Црвеното Море кое ми изгледаше како џиновски аквариум со најшарени риби ме воодушеви.

Така, оваа година повторно се одлучив за дестинација Африка. Овојпат Тунис.

Нашите агенции по повеќе од 10 години повторно го ставија на листата на летни дестинации, па со чартер-лет од само 2/2.5 часа од Скопје и комплет организизација ми звучеше примамливо. Аеродромот во Монастир е скромен.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-03.jpg

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-31.jpg

Бев среде август, но климата ме изненади позитивно. Од Египет температурите беа пониски за околу 10 степени во истиот период од годината, постојано имаше пријатно ветерче, а најмногу од сè ми се допадна што навечер заладуваше и можеше да се спие и без клима.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-02.jpg

Ресортот и повеќе од убав… Со најситен песок на плажата, палми, огромни базени, забава, активности во текот на целиот ден и што уште не. Омилено ми беше служењето на ручек на плажа со правење скара на самото место за воопшто да не морам да губам време за да одам до главниот ресторан.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-30.jpg

Кујната е приспособена на европски стандарди и нема нивни зачини кои не би можеле да ги поднесете, но сепак кога се оди на вака далечна дестинација не е лоша идеја да пиете пробиотик неколку дена пред и за време на одморот.

Има огромен избор на храна, меѓу кои и нивни специјалитети и камилско месо. Кај нив нема диви камили повеќе, туку тие кај нив се одгледуваат како домашни животни, како овците и козите кај нас.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-16.jpg

Понудата на ресорти е огромна, но добро прочитајте што нудат, а што очекувате вие и така изберете. Јас секогаш бирам по на страна од големите градови затоа што морето е почисто.

Ние бевме на десетина километри од местото Хамамет, кое е приказна само по себе затоа што ја има најживописната сино-бела Медина каде буквално ќе почувствувате како живеат локалците.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-04.jpg

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-08.jpg

Ќе си купите сувенири, локалците ќе ве опсипуваат со внимание за да извлечат бакшиш од вас, но и ќе ѕирнете во скромните домови на Тунижаните на кои навистина малку им е потребно за среќа.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-12.jpg

Таксито е навистина евтино, сувенирите исто така, но како и во Египет и тука има ценкање. Одлично е што законски на продавачите на плажа забрането им е да доаѓаат до лежалките да ве заморуваат и ако нешто ви се допадне, вие ќе станете и ќе појдете до нив додека поминуваат.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg