Зошто некои жени не сакаат да имаат деца?

Раѓањето е природен процес за продолжување на опстанокот на светот, создавање нов живот, но во крајна линија и лична одлука.

zosto-nekoi-zeni-ne-sakaat-da-imaat-deca-01

Да се има дете, не значи само да се роди, туку и да му се посвети речиси целиот живот со внимание, воспитување, грижа. Одговорноста е преголема и затоа е потребна сериозна подготвеност и свесност кога се носи одлуката за негово зачнување и раѓање.

Со оглед на тоа што жената го носи 9 месеци и таа го раѓа и дои, има поголемо право на лична одлука од одредени причини да не сака да зачне или роди.

За тоа често е обвинувана од околината која смета дека по секоја цена треба да роди и дека нема оправдување за нешто друго.

Сепак, постојат конкретни причини поради кои некои жени не сакаат да имаат деца.

1. Лоша финансиска состојба

Одгледувањето дете носи големи трошоци, а многу парови денес немаат сигурен или доволен приход за да му ги овозможат основните потреби на едно бебе.

Работните места се несигурни, а напредокот во фирмите и покачувањето на платите се многу ретки.

Во овој случај не е само жената таа која одлучува да нема деца, туку за истото е свесен и одлучен и мажот.

zosto-nekoi-zeni-ne-sakaat-da-imaat-deca-2.jpg


2. Недоволно време за внимание на детето

Без оглед на тоа колку жените се напреднати во општеството и еднакви во работата со мажите, сепак тие се оние кои потоа им треба уште толку време и енергија колку што потрошиле на работа за да му посветат внимание на детето. Додека тргне во училиште потребно е 24/7 воспитување за да биде на правиот пат. Но, многу жени не можат да добијат ниту слободен ден, а не толку време и затоа се одлучуваат да немаат деца.

zosto-nekoi-zeni-ne-sakaat-da-imaat-deca-3.jpg


3. Сакаат да се посветат на себе

Иако звучи себични, понекогаш и тоа е во ред, кога жената ќе одлучи дека ќе го живее животот до максимум има поинакви цели и приоритети кои сака да ги оствари, а бараат целосно вложување. Во тие случаи детето може само да ѝ биде пречка. Но, добро е кога е свесна за сè знае што сака и што не сака. Полошо е ако го роди и запостави заради другите желби или да биде несреќна што не се реализирала докрај поради детето.

zosto-nekoi-zeni-ne-sakaat-da-imaat-deca-4.jpg


4. Живееме во систем со изместени вредности

Светот тотално полудува и се случуваат секакви ситуации. Веќе никој за ништо не може да гарантира. Се живее од денес за утре, затоа што иднината е тотално неизвесна. Колку што има напредок и станува сè помодерно од една страна, толку се зголемуваат и трагичните настани за кои слушаме секој ден. Преголем е стравот и одговорноста да се роди дете во таков свет каде не знаеш што може да му се случи на следниот чекор. Можеби делува кукавички, но жената има право на свој став, мислење, чувствување и носење одлука.

zosto-nekoi-zeni-ne-sakaat-da-imaat-deca-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg