Моето дете е подобро од твоето: „Не пробала тиквички? Нашата грав тамани!“

Дали некогаш сте се сретнале со мајки кои го споредуваат напредувањето на своето дете со децата од паркот или градинката?

moeto-dete-e-podobro-od-tvoeto-ne-probala-tikvicki-nashata-grav-tamani-01.jpg

Овој текст е посветен на сите нив, а и на сите нас кои треба да се релаксираме и да му дозволиме на детето да се развива по својот природен пат.

Беше пред 7 месеци, добро се сеќавам...

„Добар ден.“

„Добар ден“ - се поздравувам со продавачката чија сестра доби ќеркичка во исто време кога и јас ја добив мојата.

„Имате ли свежи тиквички?“ - прашав.

„Секако, доле во гајбата“ - ми покажа со прстот.

Се навалувам малку, пребирам, барам некоја поубава. Таа го забележа тоа и коментираше: „Сите се од утрово.“

„Супер, ми требаат за малата“ - се обидов да го оправдам моето пребарување.

„Сака да ги јаде?“ - праша.

„Сè уште не знам, ќе пробаме денес. Уште не пробала“ - изјавив.

„Уште не ги пробала? Уште не сте и дале тиквички?“ - ме погледна зачудено.

„Не. Сè уште цица. Не се брзаме. Сега за сега проба морков и компир“ - кажав, прашувајќи се во себе, зошто воопшто се правдам.

„Оваа нашава богами и грав тамани. Сè јаде.“ - се пофали.

И... почна...

„Јаде грав и тоа цела чинија. Јаде кифли. Цела кифла знае да изеде. Дури и сарми. Веќе кажува „мама“ и „тато“. И сама може да седи. Има три запчиња. Знае да си игра со играчките. Не се плаши од луѓе...“.

Јас ги пакувам тиквичките и едвај чекам да излезам.

„Па, добро, нека јаде. И нашата ќе јаде“ - кажувам прибрано.

„И ќе седи кога ќе биде подготвена“ - додавам.

„Што е со драмава“ - ја прашав.

И навистина е така. Што е со драмите? Стопати сум се запрашала и самата овие последни 13 месеци. Зошто толку драма? Откако станав мајка како некој да ме стави на атлетска патека за натпреварување. Покрај мене, лево и десно, сè мајки со засукани ракави со количките и бебињата покрај мене.

Некои плачат, некои не. На мајките чии деца плачат, од трибините се гледа со чудење. Се слушаат довикнувања: „Гладна е! Нахрани ја!“, „Полни ѝ се пелените!“, „Не ја кревај во раце! Не ја навикнувај на тебе!“, „Ладно ѝ е“, „Топло ѝ е.“ Од тука, коментираат и мајките чии бебиња спијат мирно: „Мојата обожава да биде во количка, како твојата не го сака тоа?“

Некогаш свесно, некогаш ненамерно, ама повеќето мајки сакаат да се натпреваруваат во поглед на сè, од исхрана, до растење на забите, а посебно за моторниот развој на детето.

„Моето прооди на 10 месеци, да видиш како оди, не сака во раце сега“...

„Твојата има 8 заби?! На нашата богами и порасна 10-иот заб!!“

„Ние веќе јадеме и месо. Како сè уште не сте пробале? Зар не треба да почне на 7 месеци?“

„3 песни знае! Збори како навиен!“...

Да се разбереме, не е тоа само добронамерна размена на искуства, има тука сериозен натпревар. А, почнува уште откако ќе се породите. Колку страдала, колку врескала, која „А“ не испуштила, колку часа траело породувањето, колку млеко има... А, потоа приказната продолжува со доенчето.

И токму тогаш кога сте најчувствителни и збунети, другите со своите приказни уште толку ве бунат, бидејќи развојот на вашето дете го споредуваат со развојот на своето дете.

Еднаш, во скоро време една сосетка ме праша: „Уште не оди сама? Нашата трча веќе!“

Супер.

Што друго можам да ѝ кажам? Да се оправдувам за развојот на моето дете? Да ѝ се објаснувам како не може да оди во скафандер? Дека секое дете е приказна за себе? Дека не сум ја родила мојата ќерка за да се натпреварувам со неа?

Дека не сакам да ја притискам за другите да кажат „Браво“?

Обожавам кога ќе слушнам дека мајките се горди на своите деца, ама не сакам да слушам кога другите мајки се наметнуваат со својата гордост. Разликата се чувствува во интерпретацијата, бојата на гласот, ставот, положбата на рацете...

Да се откажеме од наметнувањето и споредувањето, да живееме релаксирано, онака како што чувствуваме дека е најдобро за нас и нашите деца, макар и да изгледа тоа на другите како воопшто да не е важно.

Да ги научиме да се смеат, да се радуваат на животот, а не да се натпреваруваат меѓусебно.

А, на сето ова да се научиме и самите себе.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg