Челзи во финалето на ЛШ
Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Лигата на шампионите по одиграниот натпревар со Барселона 2:2 (1:2). Каталонците не успеаа...
...да го надоместат минусот од еден гол од првиот меч и нема да ја бранат титулата освоена минатата година каде на Вембли го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:1.
Избраниците на Пеп Гвардиола поведоа преку Иниеста во 35та минута, а веќе во следниот напад беа и со играч повеќе на теренот, затоа што капитенот на гостите Тери заработи директно исклучување.
На Каталонците не им требаше долго предноста да ја претворат во резултат кој ги води во финале. Стрелец беше Иниеста во 44 минута. Но, во продолжението Рамиреш ја искористи невнимателноста на одбраната на Барселона и го намали резултатот на 1:2.
Во второто полувреме се играше пред голот на Челзи, а тоталната офанзива на домашниот тим се исплатеше во 48 минута кога Дрогба предизвика пенал. Одговорноста ја презеде Меси, но ја погоди само пречката.
Играчите на Барса продолжија со опсада на голот на Чех, но освен стативата на Аргентинецот немаа некаков успех. Во финишот заигра и Торес кој го замени Дрогба и токму Шпанецот (за промена) му донесе финале на својот тим откако го совлада Валдес во 90тата минута.
