Награден квиз - EURO 2010

nagraden-kviz-euro-2012-povekjeДека спортот е во мода, особено фудбалот, толку многу што и нашата естрада сака да се натпреварува, ќе ви докажеме на 16.05...

 

...во 17h на националната арена Филип II.

Бидете таму за да навивате за женската репрезентација на Македонија или за машкиот пејачки тим составен од: Слаткаристика, Тони Зен, Иван и Јован Јованови, Александар Белов, Александар Тарабунов, Елвир Мекич, Адријан Гаџа, Роберт Билбилов, Лабме Алабакоски и дел од Токсикологија!

Влез - слободен, задоволство- целосно!

nagraden-kviz-euro-2012-1

1. Дневен награден квиз на Facebook фан страницата

Добивка:

  • 10 Наградни пакети: 2 влезници за првиот квалификациски натпревар за EURO 2012 Македонија- Ерменија 07.09.2010 + маичка/капче
  • nagraden-kviz-euro-2012-2

Правила за наградниот квиз:

  • за одредена личност да учествува во овој награден квиз потребно е да стане фан на страната на првенството на Facebook http://www.facebook.com/ffm.wu19
  • право на учество има секој фан на страната.
  • Наградниот квиз почнува од 11 мај, вторник и трае се до 4 јуни, петок.
  • Секој работен ден ќе се поставува наградно прашање, но во различен термин, овој термин ќе биде објавуван претходниот ден, покрај терминот на објавување на прашањето, ќе биде нагласено и за кој натпревар важат влезниците.
  • Најбрзите 10 кои ќе го напишат точниот одговор на наградното прашање (како одговор на статусот во кој што е поставено прашањето) ќе добијат награден пакет.
  • Влезниците како и маичката/капчето ќе бидат доделувани ЕДИНСТВЕНО на стадионот на полувреме на некој од натпреварите (добитниците ќе бидат известени преку статус на фан страницата, за кој натпревар станува збор).
  • За да го подигне пакетот, добитникот треба да приложи документ за лична идентификација.

2. Неделен натпревар за слоган на Facebook фан страницата

Добивка:

  • Дрес од Македонската А селекција потпишан од сите репрезентативци + 2 ВИП карти за првиот квалификациски натпревар за EURO 2012 Македонија- Ерменија на 07.09.2010

Правила за наградната игра:

  • за одредена личност да учествува во овој натпревар потребно е да стане фан на страната на првенството на Facebook http://www.facebook.com/ffm.wu19
  • право на учество има секој фан на страната.
  • оваа игра ќе се одвива од 10 мај до 5 јуни и ќе биде поделена во 4 фази (10.05-15.05, 16.05-22.05, 23.05-29.05, 30.05-05.06), т.е. за овој временски период ќе се доделат 4 награди.
  • секој фан што сака да учествува во натпреварот, ќе треба да смисли навивачки слоган за турнирот и истиот да го напише на ѕидот на фан страницата, оној статус кој ќе добие најмногу лајкови од останатите фанови во текот на една недела ја добива наградата.
  • добитникот ќе биде објавен во посебен статус на крајот од неделата (на 15.05, на 22.05, на 29.05 и на 05.06) во 10:00.
  • За да ја подигне наградата, добитникот треба да приложи документ за лична идентификација.
  • ВИП влезниците за квалификацискиот натпревар на 07.09.2010, како и потпишаните дресови ќе може да се подигнат ЕДИНСТВЕНО на стадионот на полувреме на некој од натпреварите (добитниците ќе бидат известени преку статус на фан страницата, за кој натпревар станува збор).

3. Добивање на влезници

  • Бесплатна влезница може да добие секој што ќе се регистрира на формата на официјалната веб страница на турнирот http://www.womens-u19-ffm.com/mk/
  • Еден корисник може да добие најмногу 3 влезници.
  • Корисникот по регистрирањето, добива код со кој ќе може да си ја подигне влезницата.
  • Влезниците ќе може да се подигнат на билетара со документ за лична идентификација.

4. Добивка за навивачите на стадионите

  • Најсреќните ќе имаат можност да добијат adidas фудбалска топка, имено на почетокот на секој натпревар, двата тима ќе шутираат фудбалски топки на трибини, по 11 фудбалски топки adidas од екипа.

5. Вкупен фонд на награди

  • 190 ВИП пакети (2 влезници + маичка/капче)
  • 4 добивки за награден слоган (дрес потпишан од сите репрезентативци од Македонската А селекција + 2 ВИП карти)
  • 330 фудбалски топки adidas

Би можело да ве интересира:

Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2... Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави ...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е балкански карате-шампион Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканск...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg