И во Македонија се игра хокеј

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-povekjeИако нашата мила Македонија е поднебје на коешто спортовите мака мачат за да опстојат, младите тинејџери полни со ентузијазам ни доаѓаат со...


...една поинаква, необична и интересна приказна.

Станува збор за момците и девојките од Хокеарскиот клуб "Стик 2007", кои веќе 4 години се занимаваат со овој спорт и прераснуваат во една сериозна закана за екипите од другите држави.

Иако тинејџери, македонските хокеари можат да се пофалат со доста добри резултати како трето место на меѓународниот турнир во Бугарија за деца до 18 во 2006, второ место на меѓународниот турнир во Македонија за деца до 18 години во 2009 и прво место на меѓународниот турнир во Македонија во 2011.

Во разговорот со членови на клубот можевме да го забележиме нивниот силен ентузијазам, желбата и стремежот да се биде најдобар. Иако поинаков, сепак тие велат дека хокејот е интересен олимписки спорт, брз, динамичен, но и по малку опасен, со многу строги правила. Спорт кој нуди многу можности како и спорт со којшто еден ден може да се учествува на олимпијада.

После летните одмори и високи температури, македонските хокеари се враќаат повторно на терените кадешто напорно ќе се припремаат за балканското првенство во Турција. Ние можеме само да се приклучиме кон нивниот ентузијазам, да им посакаме многу успех и среќа и дај боже еден ден да го обелат македонскиот образ со медал на олимпијада.

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-1

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-2

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-3

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-4

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-5

i-vo-makedonija-se-igra-hokej-6

Никола Буџак

Би можело да ве интересира:

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекор...
„Не очекувавме толкава побарувачка“ – Во олимпиското село снема кондоми за 3 дена, сега ги обновуваа... Лизгачка минатата недела ги снимаше бесплатните кондоми на рафтовите, а викендов...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Најзгодната лизгачка покажа како изгледа храната во олимпиското село – се служи 450kg паста дневно, ... Само во олимпиското село во Милано се служат околу 3.000 јајца и 450kg паста, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg