HTC го лансира Desire C

htc-go-nalsira-desire-c-povekjeПо успешното лансирање на серијата HTC One, глобалниот дизајнер на смартфони HTC го претстави својот најнов телефон, HTC Desire C. Со технологијата...


...Beats Audio™, Desire C е смартфон, со врвен дизајн а сепак достапен, кој ви овозможува да ја слушате музиката токму така како што ја замислил музичарот.

HTC Desire C исто така Ви овозможува лесно да ги менаџирате професионалните и приватните животи и да ги споделувате моментите којшто ги обликуваат.

Достапен во црвена, бела и црна боја, и со HTC Sense 4.0 интегриран со Android 4.0 (Ice Cream Sandwich), HTC Desire C е одличен како прв смартфон или како унапредување од веќе постоечкиот. Со моќна батерија и нудејќи пристап до илјадници апликации, игри, музика и филмови - достапни преку Google Play  - секогаш ќе бидете поврзани и ќе се забавувате, независно каде сте, на работа, дома или во движење.

htc-go-nalsira-desire-c-1

‘‘Слушањето музика е едно од најпопуларните нешта за кои луѓето ги користат своите телефони, па затоа е поважно од кога и да е да ги пренесеме моќта и емоциите на уметникот од студиото ‘‘ вели Џејсон Мекензи, Претседател на интернационална продажба и маркетинг за ХТЦ корпорацијата.

‘‘HTC Desire C им нуди на корисниците одличен дизајн, лесен пристап до содржини и брзо поврзување – идеален сенаменски уред.

Автентичен звук без компромис

HTC Desire C обезбедува силно и богато искуство, со квалитет како во студио, кое е овозможено со комбинација на Beats Audio и вчудоневидувачки хардвер. Оваа интеграција им овозможува богато и чисто аудио искуство на корисниците без разлика дали слушаат музика или играат игра.

Премиум дизајн

Комбинирајќи издржлива метална рамка со прецизна изработка, HTC Desire C е идеален за оние кои сакаат телефон со премиум дизајн. Може да се пофали со микро-издупчена слушалка за јасно слушање на дојдовните повици, хипер агол за гледање на екранот и метална рамка за камера, овој компактен смартфон нуди неспоредливо ниво на дизајн и корисничко искуство во својата класа. 

Дизајниран за споделување

Пакувајќи ја најновата мобилна технологија во чист и атрактивен дизајн, динамичниот 3,5-инчен HVGA екран на HTC Desire C овозможува лесно пребарување на интернет, гледање фотографии и поврзување со пријателите и семејството. Ако сакате личните искуства да ги споделите на вашата социјална мрежа, камерата од 5 мегапиксели на HTC Desire C и можноста за инстантно споделување ќе ви овозможат да постирате во секој момент, само секунди откако сте сликале.

htc-go-nalsira-desire-c-2

Преку длабоката интеграција кај HTC Desire C на Dropbox и слободен онлајн простор од 25GB[i], слободно можете да направите безбеден back-up, да пребарувате и да споделувате илјадници фотографии, видеа и документи, без оглед дали се зачувани локално или во облакот.

HTC Desire C држи чекор со новите мобилни услуги, па овој модел доаѓа со интегриран NFC, овозможувајќи им на корисниците да вршат плаќања и да пристапуваат до информации и понуди во движење.

 

Достапност

HTC Desire C ќе биде достапен во Македонија во јуни.

За ХТЦ

ХТЦ корпорацијата основана во 1997г. е креатор на многу наградени мобилни уреди и иновации во индустријата. Ставајќи ги луѓето во центарот на сè што работи, ХТЦ ги поместува границите на дизајнот и технологијата за да создава иновативни и лични искуства за потрошувачите ширум светот. Портфолиото на ХТЦ вклучува паметни телефони и таблети со HTC Sense™, повеќеслоен графички интерфејс којшто го подобрува искуството на корисникот. За повеќе информации, ве молиме посетете нè на www.htc.com.

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg