Новите модели на ХП ќе ја засилат ефикасноста и безбедноста во работењето
Денес во просториите на Холидеј Ин се одржа прес конференција за медиуми во организација на HP на која беа...
(промотивен текст)
...претставени нивните најнови модели на лаптоп компјутери како и нивното богато портфолио за печатење и дигитализација, нови сервиси со алатки за зголемена продуктивност, нови сигурносни решенија кои што им овозможуваат на компаниите од различна големина да се прилагодат, поврзат и комуницираат побезбедно и ефикасно.

На овој настан се обратија: Игор Фиолиќ, регионален директор на ХП за персонални компјутери, Ханс Видмаер регионален директор за IPG, Владимир Парлеев директор на ХП за персонални компјутери и Елена Андоновска маркетинг менаџер за IPG.
Тие ги запознаа присутните со најновите модели на Лаптоп компјутери, како и портфолиото за Печатење и Дигитализација, нови сервиси со алатки за зголемена продуктивност, нови сигурносни решенија, кои што им овозможуваат на компаниите од различна големина да се прилагодат, поврзат и комуницираат побезбедно и ефикасно.

HP ја реорганизираше целата линија на мултифункциски уреди со кои ја започна новата ера на уреди кои се во можност да се поврзат на веб, во облак и со други решенија и кои можат да одговорат на бизнис потребите на нивните корисници.
Тие исто така го проширија и компјутерското портфолио со повеќе од 30 нови продукти проектирани да одговорат на барањата за дизајн, стабилност, сигурност и перформанси на крајните купувачи и ИТ сектори низ бизнисите од сите големини.

Сите овие модели на почетокот на месец мај ја имааа својата успешна премиера на најголемиот технолошки саем во Шангај-Кина.