Технологија
Интел и Нокиа заедно

intel-i-nokia-zaedno-povekjeАмериканскиот лидер во производството на процесори Интел и финскиот телекомуникациски гигант Нокиа постигнале договор за долгорочно партнерство...

 

intel-i-nokia-zaedno

...чија цел би била развој на нова архитектура, производи и услуги за мобилни телефони од новата генерација, пренесува агенцијата Ројтерс.

Тоа партнерство би можело да му овозможи на Интел поголем пристап на мобилниот пазар кој оваа компанија се обидува да го оствари во изминативе 10 години, иако нејзините процесори се наоѓаат во 80% од компјутерите во светот.

Сега компанијата Интел преку Нокиа ќе ги вградува своите чипови Атом во мобилните телефони.

Интел исто така објавил дека со помош на овј договор ќе добие право на патенти за бежична технологија со голема брзина.

Компаниите планираат и соработка во развојот на софтвер за мобилните телефони кои користат Линукс оперативен систем.

Интел и Нокиа планираат да развијат нова платформа која би ги спојувала мобилните телефони и компјутерите во еден уред кој би ги имал сите потребни работи.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Чип со 48 јадраЧип со 48 јадра...
Компанијата Интел успеа да произведе силиконски чип кој поседува 48 интегрирани јадра. Примената на овој чип би можела да го промени начинот на к...
Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Гласот на совеста е толку тивок што може лесно да се замолкне, но јасно е и дека е невозможно да не го препознаеш. "
Мадам Де Стал (1766-1817)