Патувањата во 2093 година

kako-ke-izgledaat-patuvanjata-vo-2093-godina-povekjeОстрови кои лебдат, хотели во ХХL големина и летачки чинии – бројни проекти во кои уште денес се вложуваат милиони, даваат интересен поглед на иднината...

 

...на туризмот. Меѓу авиокомпаниите со пофутуристичка визија посебно се истакнува Finnair кој има намера летачките чинии да ги приспособи за редовен превоз на патници. Првиот „A1700-2400 Cruiser“ (на сликата) би требало да биде довршен во 2093 година, а изградбата е доверена на Airbus. Во кружниот дел ќе има место за 1.700 до 2.400 патници.

Предвидени се и посебни луксузни кабини за патници со поголема платежна моќ кои ќе имаат сопствена бања. Гостите за време на летот ќе може да се забавуваат со најновите чуда на техниката, а благодарејќи на напредниот airbag систем, врзувањето со сигурносен појас нема да биде задолжително во ниту еден момент.

kako-ke-izgledaat-patuvanjata-vo-2093-godina-1A1700-2400 Cruiser

Finnair подготвува уште два амбициозни проекти. Првиот е надзвучен патнички авион „A600-850M“ кој може да прелета 26.600 километри без да сопре на висина од максимум 39 километри. Вториот е „хеликоптер за сè“ кој ќе може да го управува секоја полнолетна личност, без пилотска дозвола.

kako-ke-izgledaat-patuvanjata-vo-2093-godina-2

План крстарењето во иднината дава проектот на компанијата „Tillberg Design“, чии дизајнери осмислиле гигантски брод долг 500 метри кој собира 5.000 патници. Крузерот не може да застане во постоечките пристаништа, но за 100 години ова можеби и нема да биде важно. Сепак, дизајнерите предвиделе гаражи за моторните бродови и авиони со кои патниците ќе одат на излет. Моделот на крузерот моментално е изложен во музејот „National Maritime“ во Лондон.

Во нешто поблиска иднина, поточно наредната 2011 година, не очекува ХХL хотел кој се графи во Хонг Конг. Станува збор за хотелот „Ritz-Carlton Kowloon“ кој ќе се наоѓа во зграда висока речиси половина километар, а собите ќе се наоѓаат на катовите од 101 до 118. Со панорамски поглед од кревет и базен на кровот хотелот ќе биде наменет за гости кои имаат подлабок џеб.

Би можело да ве интересира:

Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...

Најчитани неделава