10 мали животни промени со кои ќе ги намалите симптомите на анксиозност

Пијте чај од камилица, дишете длабоко и бидете што е можно поактивни – Некои навики можеби нема да ја излечат анксиозноста, но ќе ви помогнат барем делумно да ги контролирате симптомите.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-01.jpg

Анксиозноста станува сè почест проблем и доколку не се третира, може сериозно да го попречи секојдневното функционирање.

Ако имате анксиозност и/или панични напади, задолжително консултирајте се со експерт.

Со соодветна терапија можете да го надминете овој проблем, а со тоа и да си го подобрите животот.

Но, покрај помошта од професионалец, добро би било да направите и некои промени во секојдневието.

Навики кои ќе ви помогнат да ги намалите симптомите на анксиозност:

Бидете активни

Физичката активност не е важна само за физичкото здравје, туку е неопходна и за менталното.

Истражување од 2021 година покажало дека физички активните луѓе имаат 60% помали шанси да се соочат со анксиозност.

Постојат неколку причини зошто физичката активност е добра за менталното здравје.

Најпрво, самата активност може да ви го одвлече вниманието од проблемите што ви создаваат анксиозност. Покрај тоа, додека вежбаме се лачат одредени хормони, како серотонин, кои имаат позитивно влијание врз расположението.

Редовното вежбање може да ја подобри концентрацијата, но и да ви ја зголеми самодовербата, а сето ова може да ви биде од корист доколку имате анксиозност.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-02.jpg

Намалете со алкохол

Алкохолот е како седатив, па не е ни чудно што многумина сакаат да се опуштат со некоја пијачка по напорна недела.

Сепак, претераното пиење алкохол може да предизвика или да ги влоши симптомите на анксиозност, а ова го потврдуваат неколку истражувања.

Претераното пиење алкохол го нарушува и сонот, што може дополнително да ги влоши симптомите.

Од друга страна, ако се намали консумирањето алкохол, симптомите на анксиозност, но и депресија, можат да се намалат.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-03_copy.jpg

Намалете со цигари

За многу пушачи, цигарата има релаксирачко дејство.

Сепак, долгорочното пушење може да ги влоши симптомите на анксиозност.

Анализа на истражувања од 2020 година покажала дека неретко пушачите се изложени на поголем ризик од анксиозност.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-04.jpg

Ограничете го внесот на кофеин

Веројатно и самите имате почувствувано дека кога ќе претерате со кафе, се чувствувате раздразливо, а анксиозноста веројатно ви се влошува.

Кофеинот е стимуланс кој може да ги влоши симптомите на анксиозност или да ги зачести паничните напади доколку се консумира прекумерно.

Најдобро е да го ограничите внесот на една шолја кафе дневно.

Доколку пиете многу кафе и сакате целосно да престанете, тогаш треба постепено да го намалувате количеството за да избегнете непријатни симптоми.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-05.jpg

Квалитетниот сон нека ви биде приоритет

Дури и да немате анксиозност, кога не сте наспани, нема да се чувствувате добро.

Спиењето има важна улога во менталното здравје, па не смеете да го запоставувате.

Неколку совети што ќе ви помогнат да ги подобрите навиките за спиење:

  • Спијте само навечер, односно немојте да дремете во текот на денот
  • Немојте да гледате телевизија или да го користите телефонот во кревет пред спиење
  • Ако не можете да заспиете, подобро станете 10-тина минути, па повторно вратете се во кревет
  • Избегнувајте кафе, алкохол и обилни оброци пред спиење
  • Спијте во темна соба која не е многу топла
  • Секоја вечер легнувајте си во исто време

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg