6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење

Лимон или оцет за свежина

Свежината на белата облека може да ѝ ја врати и лимонот - ставете околу 50ml сок од лимон во машината за перење откако таа ќе го повлече прашокот (или применувајте го ова кога перете на рака ако се плашите да не ја уништите машината).

Белината на облеката може да им ја врати и алкохолниот оцет. Тој истовремено ги прави алиштата помеки.

Па ако перете поделикатна облека, пред последното плакнење, во машината ставете околу 20ml алкохолен оцет.

Доколку пак, перете бела облека на 90°С, тогаш ставете околу 100ml алкохолен оцет.

Запомнете: алкохолниот оцет не смеете да го мешате со белило - тоа ќе ја уништи облеката.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-05.jpg

Пожолтените дамки од пот третирајте ги веднаш

Не ја „фрлајте“ испотената облека на перење без да ставите средство за дамки или некаков детергент на местата под пазувите.

Прво поминете го местото со сапун или какво и да е друго средство кое ќе ги исчисти жолтите дамки, а дури потоа оставете ја облеката во корпа за валкана облека.

Или поминете ја само со вода под чешма - и тоа е доволно.

Но, ако не го третирате местото веднаш, веројатноста дека ќе останат жолти дамки (иако користите антиперспирант) е голема, а тоа значи и дека белата облека многу побрзо ќе го загуби својот снежно бел сјај.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-06.jpg

Не ја сушете облеката директно на сонце

И сончевите зраци ја менуваат бојата на облеката - ја избелуваат темната облека, а ја потемнуваат светлата.

Затоа, наместо да ја изложувате директно на сонце, сушете ја под сенка, и на места каде што има провев.

Исто така избегнувајте да ја сушите облеката во затворена просторија.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-07_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате? Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваа...
Како да ги отстраните дамките од кремот за сончање на облеката? Одржувањето чиста облека понекогаш може да биде предизвик, особено кога се справ...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg