Што сè можете да направите со мрсната хартија за печење?

Хартијата за печење може да ви реши многу проблеми во домаќинството заради уникатната текстура и композиција.

shto-se-mozete-da-napravite-so-hartijata-za-pecenje-01.jpg

Настрана од веќе познатите трикови за колачи, хартијата можете да ја искористите и на овие 10 начини:

1. За полирање на чешмите

Со хартијата можете да се ослободите од бројни дамки кои настанале заради водата, а восокот ќе ја спречи појавата на нови дамки.

2. За обложување на полиците

Ставете хартија на полиците каде ви се собира најмногу прашина и менувајте ја секогаш кога сметате дека треба да го направите тоа. Полиците веќе нема да видат прашина на себе.

3. За чистење го подот

Овој тип на хартија можете да го употребувате како крпа за бришење на подот,а благодарение на неа, ќе ви се собира помалку прашина на истиот.

4. За чистење на пеглата

Ако на пеглата ви се залепиле одредени работи, нанесете малку сол на истата и пребришете ја со хартија за готвење.

5. За чување на отворачот за конзерви

Со помош на восокот од хартијата полесно ќе ги исчистите валканите делови и слободно можете отворачот да го чувате потоа во ваква хартија.

6. Спречете крцкање на вратите

Вратата која крцка истријте ја со ваква хартија за готвење и заборавете на непријатниот звук.

7. За чување на алатот

После употребата на алатот, пребришете го со хартија за печење и бидете сигурни дека ќе има помалку р’ѓа на истиот.

8. Обложете ги полиците во фрижидерот

И никогаш повеќе нема да имате проблеми со дамки од леплива храна, истурено млеко...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...

Најчитани неделава