14 трикови со регенератор за коса кои ќе ви го олеснат секојдневието

Сте знаеле ли дека регенераторот за коса може да го поправи заглавениот патент, да го ослободи затнатиот одвод, или да ги заштити предметите од ‘рѓосување? Многумина никогаш не чуле за овие трикови.

14-trikovi-so-balsam-za-kosa-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevieto-01.jpg

1. Ќе ви послужи како крема за бричење на нозете – нозете ќе ви бидат мазни, без иритација и несаканите исеченици.

2. Го решава чкрипењето на вратите – регенераторот за коса е одличен за таа намена.  Ставете мала количина на шарките и забележете ја разликата.

3. За безболно вадење на фластерот – нанесете малку регенератор на рабовите од фластерот, и се ќе оди многу полесно.

4. За перење на деликатната облека – наполнете го мијалникот со вода, отприлика на собна температура. Потоа, ставете во неа една лажица регенератор и добро промешајте. Наквасете ја облеката и оставете да отстои неколку минути. На крајот, исплакнете и оставете ја да се суши.

5. Ќе ви помогне да го извадите заглавениот прстен - намачкајте регенератор околу прстенот, но што поблизу, за да може да се впие под него. Дополнително, обидете се да го придвижите прстенот горе-доле и лево-десно неколку пати, за регенераторот што подобро да продре.

6. Ќе го ослободи заглавениот патент – ставете на прстот или на чепкалка за уво мала количина регенератор и нанесете го на проблематичниот дел на патентот. Регенераторот ќе го подмачка, по што повторно ќе функционира како треба. Доколку немате регенератор, од корист ќе ви биде и шампон.

7. Му дава сјај на нерѓосувачкиот челик – ставете мала количина регенератор на крпа и поминете ги предметите направени од нерѓосувачки челик.

8. Направете хидратантна купка – неколку капки регенератор за коса во када со топла вода ќе ја направат вашата кожа хидрирана и мека.

9. Ќе го ослободи затнатиот одвод – овој трик не помага секогаш, но вреди да се обидете. Истурете малку балсам во одводот и пуштете топла вода. Понекогаш, она што е заглавено се придвижува и продолжува понатаму.

10. Добра превенција против 'рѓа – Нанесете малку регенератор и добро премачкајте ги предметите што сакате да ги заштитите од 'рѓосување.

11. Ја враќа во нормала облеката која се смалила во текот на перењето -  промешајте една лажица регенератор во топла вода и натопете го парчето облека. Оставете го накратко, па полека исцедете го. Потоа, спрострете го на пешкири и растегнете со рацете во сите насоки.

12. За помека облека по сушењето во машина –ставете малку регенератор на мокра крпа и ставете ја заедно со испраната облека во машината за сушење алишта.  

13. Ќе ви послужи како освежувач на облеката – направете мешавина од регенератор и вода (100 ml регенератор + 900 ml вода). Истурете го во шише со распрскувач и користете го тогаш кога ќе сакате облеката што сте ја носеле убаво да замириса.

14. Ја омекнува кожата околу ноктите – а со тоа ќе ви го олесни и отстранувањето на кутикулите.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Србинка сподели „јапонски“ трик за диплење на долната облека - да не зафаќа простор во фиоката „Вака да му ја здиплам долната облека на маж ми нема да знае да ја отвори“ – сто...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg